Витаминот Ц, познат и како аскорбинска киселина, е еден од најценетите и најчесто употребувани витамини. Можеби првата асоцијација поврзана со овој витамин е неговото познато дејство при настинка и грип, но неговата важност и опсегот на употреба се далеку поголеми. Неговите дејства се многукратни и има многу важна улога во многу процеси и функции во организмот.
Витаминот Ц е растворлив во вода и е најмоќниот антиоксидант од оваа категорија на витамини. Витаминот Ц е првиот витамин кој е произведен во синтетска форма, а за првпат бил изолиран во 1928 година. Организмот не е во состојба сам да произведе витамин Ц, па затоа од голема важност е негово секојдневно внесување преку храната.
Придобивки од витамин Ц
Витаминот Ц помага да се поправат и да се регенерираат ткивата, да се заштити организмот од срцеви заболувања, помага при апсорпција на железо, спречува појава на скорбут, ги намалува вкупниот холестерол и триглицеридите. Истражувањата покажуваат дека витаминот Ц, како многу значаен антиоксидант, може да помогне во заштитата од различни видови рак и во борбата против слободните радикали. Витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот систем, со тоа нèправи поотпорни во борбата со вирусите и настинките.
Најважни функции на витаминот Ц:
- го зајакнува имунолошкиот систем
- го чува здравјето на срцето и на крвните садови
- помага во заздравување рани
- го чисти организмот
- го одржува здравјето на коските и на забите
- ублажува стрес
- добар е во борба против инфекции
- ја потпомага ресорпцијата на железо
- добар е за очите и видот
- ја регулира работата на хормоните
Извори на витамин Ц
Многу видови овошје и зеленчук, се богати со витамин Ц.Витаминот Ц може да се најде во природна форма и во многу билкиизелјести растенија. Како позначајни изворина витаминот Ц се: Начинот на подготовка на храната или начинот на чување на подолг временски период може гонамали количествотона витамин Ц. Витаминот Ц не е многу издржлив ниту на висока, ниту на ниска температура. Овошните плодови и зеленчуците готвени 10-20 минути губат половина од витаминот Ц којшто го содржат. Готвењетона пареа може да ги намали загубите на витамин Ц во храната. Изложеноста на светлина може да ја намали содржината на витамин Ц, затоа кога купувате сокови секогаш избирајте картонска амбалажа, а не стаклени или пластични шишиња.
Како позначајни извори на витаминот Ц се:
Колку витамин Ц ми е потребно?
Дневните потреби за витамин Ц варираат и се различни, за различни возрасни
категории и при различни состојби и животни стилови и навики. Па, така:
мажи–90 мгдневно
жени–75 мгдневно
бремени жени–85 мгдневно
жени кои дојат–120 мгдневно
пушачите може да имаат корист од повисоки дози – 250 мг витамин Ц секој ден
доенчиња 0-6 месеци–40 мгдневно
доенчиња 7-12 месеци–50 мг дневно за тинејџери и деца:
мали деца 1-3 години–15 мгдневно
деца 4-8 години–25 мгдневно
деца 9-13 години–45 мгдневно
машки тинејџери 14-18 години–75 мгдневно
женски тинејџери 14-18 години–65 мгдневно
Витаминот Ц не се задржува во нашето тело, така што секојдневно треба да биде присутен во вашата исхрана.
Кога се потребни поголеми количествавитамин Ц:
Ако сте пушач. Докажано е дека секоја испушена цигара води до загуба на 10-30мгвитамин Ц.
Ако редовно консумирате алкохол. Честото консумирање алкохол води до загуба,какона витамин Ц, така и на многу други витамини.
Ако сте под емоционален стрес.
При активно спортување.Ако се занимавате со бодибилдинг, фитнес, бокс, лесна атлетика или содруг спорт во кој се вложува голем напор, на вашето тело му е потребно дополнително количество витамин Ц.
Ако се храните со препечена или сомногу варена храна.Витаминот Ц губи од својата вредност кога е изложен на висока температура.
Во текот на бременоста.Во текот на бременоста,потребно е да се внесуваат повеќе витамини, отколку во другите периоди од животот на жената. Витаминот Ц не е исклучок.
Симптоми кои се појавуваат при недостиг на витамин Ц
Симптомите на недостаток вклучуваат замор, слаб имунитет и склоност кон настинки и вируси, крвавење на непцата , болки во нозете и во зглобовите, мускулна слабост, појава на дамкипо кожата, анемија. Продолжениот недостаток може да предизвика скорбут – ретка, но потенцијално тешка болест.
Премногу витамин Ц
Кога е внесен во нашиот организам од извори на храна или од додатоци во препорачаните дози, витаминот Ц обично се смета за безбеден. Несакани ефекти ретко се појавуваат, но доколку се појават, вклучуваат диареја, гадење, абдоминални грчеви, надуеност и други гастроинтестинални симптоми.
За повеќето здрави лица, потребни се околу 200-250 мг витамин Ц на ден, а секој вишок се губи преку урина. За време на болест, заздравување од повреда или во услови на зголемен оксидативен стрес (вклучувајќи и пушење), ни се потребни поголеми количества. Високи дози на витамин Ц (поголеми од 2.000 мг/ден) може да придонесат за формирање на бубрежни камења, како и да предизвикаат тешка дијареја, гадење и гастритис.