Воспалена кожа – Поттикнувач број 1 – НАДВОРЕШНАТА СРЕДИНА

Воспалена кожа  – Поттикнувач број 1 – НАДВОРЕШНАТА СРЕДИНА
УВА и УВБ-зраци

Одговорни за штетите предизвикани од слободните радикали, плус се примарна причина за стареење на кожата. Обврзете се да нанесувате СПФ секој ден, без разлика дали има сонце или врне или сте излегле на 5 минути.

Инфрацрвена радијација

Топлината што ја чувствувате додека сте во сауна или додека ја сушите косата со фен – токму таа предизвикува пигментација и безживотен тен. Но, не мора да ги избегнувате овие навики, едноставно заштитете ја кожата со формула која содржи антиоксиданти.

Сина светлина

Истражувањата покажуваат дека долгото изложување на светлината што ја емитуваат паметните телефони, може да предизвика воспаление, темни дамки и брчки. Не ви треба дигитален детоск, туку комбинација од СПФ и минерали.

Загадување

Микроскопските честички – ѓубре, прашина, смог, саѓи – се доволно мали за да продрат во порите и да предизвикаат воспаление. Потребни ви се витамински формули – Ц или Б3 кои се борат со слободните радикали.

Воспалението во служба на кожата

Што имаат заедничко ласерските третмани, хемиските пилинзи и мезотерапијата? Тие предизвикуваат воспаление, на контролиран начин, за да ја подобрат текстурата на кожата. Овие третмани креираат акутни, таргетирани микроповреди во кожата, со цел да поттикнат обновување на клетките и продукција на колаген.

ВО СЛЕДНИОТ БРОЈ – Прочитајте за поттикнувач број 2, тоа сте ВИЕ самите!