КУРКУМА

КУРКУМА

За куркумата
Можеби за многумина куркумата звучи егзотично , но нештата стануваат појасни кога куркумата ќе се поврзе со карито како составен дел на оваа комплексна мешавина од зачини. Како зачин, куркумата веќе со илјадници години има важна улога во индиската и во кујните од Јужна Азија, а во поново време е актуелен зачин и во нашата кујна.

Покрај зачин, за куркумата се верува дека е еден од најмоќните природни лекови, а токму овие лековити својства се препишуваат на активната супстанција наречена куркумин.

Медицинските ефекти се познати уште одамна и на куркумата ѝ биле препишувани бројни тераписки дејства на цела низа болести.
Научните истражувања од поново време само ги потврдиле нејзините позитивни својства и докажале дека е вистинско чудо на природата.

Има изразено силно антиоксидантско, противвоспалително, антивирусно, антибактериско, антимикотично и антиканцерогено дејство, што ја прави куркумата  делотворна во лекување и превенција на дијабетес, артритис, алергии, малигни и други хронични заболувања. Куркумата е призната и докажана како традиционално средство во лекување на Алцхајмерова болест.

Според својата нутритивна вредност, куркумата е одличен извор на железо, манган, калиум, витамин Б6 и на диететски влакна.

Причини повеќе да ја воведете куркумата во вашето секојдневно мени
Покрај зачин кој на вашите јадења ќе им даде специфични и карактеристични вкус и мирис, сметајте и на следните придобивки:

  • природен лек против болки
  • лек против артритис
  • го подобрува метаболизмот и варењето на храната
  • спречува и забавува раст на метастази кај многу видови канцер
  • помага во лекување на псоријаза и други воспаленија на кожа
  • на природен начин го чисти црниот дроб
  • одличен лек против депресија

Совет
Доколку на деклариран состав на некој прехранбен производ ја забележите ознаката Е100, бидете безгрижни. Станува збор за ознака за природната жолта боја од куркумата.