Промената на нивото на хормоните во телото предизвикува различни физички и емоционални симптоми како вознемиреност, променливо расположение, нервоза, главоболка, замор, подуеност, акни, чувствителни гради, со еден збор – ПМС! Но, дали знаевте дека магичното апче се наоѓа во кујната?
Анти ПМС-салата
Потребни состојки:
-
250 г спанаќ
-
1 јајце
-
½ авокадо
-
25 г пармезан
-
една рака ореви
-
5-6 ротквици
-
5-6 шери домати
-
1 млад кромид
-
1/2 лимон
-
морска сол
-
маслиново масло
Начин на приготвување:
-
Внимателно измијте го спанаќот и потопете го во студена вода да отстои 20 минути, а во меѓувреме варете го јајцето. Излупете го авокадото и изрендајте го на ситната страна од рендето. Исечкајте ги оревите и чери доматите на четвртинки. Ротквиците и младото кромитче исечкајте ги на тркалца, но заедно со перцата.
-
Во длабок стаклен сад искинете го спанаќот со раце за да го зачувате железото. Врз него распоредете го авокадото, па наредете ги доматите и јајцето пресечени на четвртинки. Озгора расфрлете ги ротквиците и младиот кромид. Исцедете го лимонот и прелијте ја салатата, додајте маслиново масло, сол по вкус и внимателно промешајте.
-
Озгора поросете ја салатата со малку ореви и ленти пармезан. Пријатен апетит и збогум ПМС!
Зошто токму овие состојки помагаат при ПМС?
СПАНАЌ… Контрола на стресот
Растение кое најмногу изобилува со магнезиум, минерал што докажано ги смирува ПМС- симптомите. Магнезиумот го намалува нивото на стрес и на тој начин ќе успее да го контролира вашето променливо расположение. Ефектот ќе биде уште поголем доколку го комбинирате со Б витамин. Недоволното консумирање на магнезиум е причината за појава на главоболки, сонливост и замор, особено во тие денови.
ЈАЈЦЕ… За грчевите да стивнат
Витаминот Б6 е причината поради која ќе додадете и јајце во салатата. Овој витамин ќе ви помогне да ги намалите грчевите во стомакот и да го контролирате душевното расположение. Јајцата се богати со холин од кој зависи не само развојот на мозокот, туку и неговото нормално функционирање. Две големи јајца содржат 252 милиграми холин, тоа е речиси половина од дневните потреби.
АВОКАДО… Против болки
Авокадото ќе ви помогне да внесете есенцијални масни киселини во телото и да ја намалите болката во стомакот. Тоа се истите оние масни киселини што ќе ги најдете и во маслиновото масло. Тие важат за најздравите масти познати на науката кои спречуваат рак на дојка и срцеви заболувања. Имате проблем со холестеролот? Не грижете се, авокадо е дозволено да јадете.
ПАРМЕЗАН… Лек за подуеност
Калциумот е најдобриот сојузник во борбата со ПМС, а него ќе го најдете во сите млечни производи. Истражувањата потврдија дека калциумот ја намалува подуеноста на стомакот, истовремено намалувајќи ги болките и грчевите. Калциумот ја контролира нагласената желба за грицки и брза храна за време на ПМС.
РОТКВИЦА… Против акни
Освен калциумот и магнезиумот, добро ќе ви дојдат и витаминот А и витаминот Д затоа што ќе помогнат за целосна апсорпција на калциумот и ќе спречат појава на акни. Ја избравме ротквицата бидејќи го подобрува лачењето на желудочните сокови, ја подобрува работата на цревата, што значи дополнителна помош за подуениот стомак.