Сè што треба да знаете за синдромот на суво око: Симптоми, причини и зошто е важна навремената реакција
Очите се еден од најважните органи со кои го доживуваме светот околу нас. Доброто здравје на очите не значи само острина на видот, туку и удобност, јасност и заштита од секојдневните влијанија. Многу фактори од животната средина и навиките, преку возраст и хормонални промени, па сè до системски болести можат да влијаат врз нивната функција. Затоа е важно навреме да ги препознаеме знаците што укажуваат дека нешто не е во ред.
Еден од клучните елементи за здравјето на очите е солзниот филм, тоа е тенкиот заштитен слој што ги покрива очите и ги одржува влажни, чисти и удобни. Кога неговата рамнотежа ќе се наруши поради намалено производство на солзи или пребрзо испарување се појавува состојба позната како суво око (или болест на суво око). Оваа мултифакторна состојба е една од најчестите причини за непријатност во очите и може значително да влијае врз секојдневниот живот. Овие знаци често се потценуваат, но навременото препознавање помага да се спречи влошување и оштетување на очната површина.
Најчести симптоми на суво око
Луѓето најчесто опишуваат чувство на печење, жежење или гребење во очите. Многумина чувствуваат како да имаат песок или туѓо тело под очните капаци. Црвенилото е чест придружник, а очите често изгледаат уморни или тешки.
Парадоксално, кај дел од лицата се јавува прекумерно солзење очите реагираат на сувоста со обилно лачење солзи кои, сепак, не ја решаваат основната нееднаквост. Видот може привремено да се замагли, особено при долго читање, работа на компјутер или гледање во екран, а трепкањето привремено го подобрува.
Чувствителноста на светлина и чешањето исто така се чести симптоми на суво око. Симптомите обично се влошуваат кон крајот на денот или во суви, ветровити или климатизирани простории.
Услови и фактори кога се појавува суво око
Болеста на суво око е мултифакторна и се јавува во различни животни ситуации и здравствени состојби.
Со возраста производството на солзи природно се намалува, особено по 50-тата година. Жените се поподложни, особено во периодот на менопауза, бременост или при хормонска терапија, поради падот на андрогените хормони кои влијаат врз квалитетот на солзниот филм.
Животниот стил игра голема улога. Долгото гледање во екрани (компјутер, телефон, телевизор) значително го намалува бројот на трепкања, што го забрзува испарувањето на солзите и често доведува до суво око. Контактните леќи, особено при долготрајно носење,
