Зимска грижа

Зимска грижа
Сува кожа и егзема

Експертите веруваат дека вклучувањето на омега-3 масните киселини во храната ги спречуваат сушењето и егземата кои се својствени за зимскиот период, благодарение на студот надвор и топлината внатре. Јадете повеќе риба во масло, јатки и семиња, а може и некој суплемент доколку развиете егзема. Една студија откри дека луѓето кои пиеле суплемент – еквивалент на 1.8 г ЕПА (тип на омега-3) имале подобрување за 12 недели, благодарение на антивоспалителното дејство на маслата.

Херпес на усните

Предизвикан од херпес симплекс вирусот, херпесот истовремено е знак дека сте под стрес. Храната богата со аминокиселината аргинин, јатки, чоколада, зрнеста храна, може да поттикнеат размножување на вирусот затоа одбегнувајте ги. Обидете се да консумирате повеќе лизин, аминокиселина што го спречува развојот на вирусот, а ја има во пилешкото месо, сојата, сирењето – особено пармезан, и во говедското месо.