Потребни состојки:
450 гр. јунешки бифтек
800 мл супа
1 голема глава кромид
2 моркова (рендани)
1 пашканат
1 шолјичка доматно пире
1 лажица маслиново масло
1 лажичка исечкан магдонос
Подготовка:
Рерната се загрева на 190 степени. Месото се сече на коцки. Кромидот се пржи на масло додека не добие стаклест изглед, па се додава месото да се пропржи додека не фати светлокостенлива коричка. Се става супата, па се додаваат исечканиот зеленчук и доматно пире. Температурата на рерната се намалува на 170 степени и подготвениот гулаш се остава да се пече околу 1 час. Се сервира со печен компир или паста и зелен зеленчук (спанаќ, блитва, брокула).