Зошто е добро да возите велосипед?

Зошто е добро да возите велосипед?

Без разлика дали ќе го користите како превозно средство за до работа или ќе го ползувате во слободно време за рекреација, велосипедот ќе ви го подобри квалитетот на животот во целост.

Освен што претставува одлична кардио вежба со која се согоруваат калории без да вложите многу напор, возењето велосипед е мошне забавна активност која ќе ве исполни со срќеа.

Ја обликува мускулатурата

Ако сакате убаво обликувани нозе, нема подобра вежба од оваа. Велосипедизмот ги зацврстува рацете, стомакот, а особено им се препорачува на оние кои страдаат од болки во половината и грбот.

Се вклопува во животниот стил

Велосипед може да вози секој и секаде, без разлика дали треба да одите на работа или да се сретнете со пријателите. Ова е најекономичното транспортно средство, само треба да ви се погоди времето. Студиите покажуваат дека луѓето кои секојдневно возат велосипед до работа, имаат 39% помали шанси да се разболат од вообичаените болести што ги носи возраста.

Го штити срцето

Според Британската фондација за срце, 30 километри поминати со велосипед за една недела, ги намалуваат шансите од срцево заболување на половина. Во друго истражување се вели дека возењето велосипед ги намалува крвниот притисок и холестеролот.

Го подобрува расположението

Истражувачкиот тим од Универзитетот во Есекс вели дека возењето велосипед ја зголемува самодовербата, го намалува уморот и го зголемува нивото на енергија за 20%. Уште ако има малку сонце, тогаш сметајте дека сте ја задоволиле потребата за витамин Д и сте го поттикнале лачењето на серотонинот, хормонот на среќата.

Благопријатно е за зглобовите

70% од вишокот телесна тежина е резултат на константно седење, токму затоа велосипедот е одлична справа да ги раздвижите мускулите. Велосипедот е погоден и за оние кои се спречени да вежбаат поради некоја повреда или едноставно се задушуваат од трчање и кардио тренинг. Од друга страна, зглобовите на прстите, стапалата и колената се исклучително осетливи во срелите години, затоа велосипедизмот е најдобрата превенција за остеопороза.

Ја стимулира работата на мозокот

Неколкуминутното утринско возење на велосипедот делува како кофеинска напивка за мозокот, особено кога воздухот е чист, сите сетила се будат. Вртењето на педалите ја подобрува циркулацијата на крв во нозете па се до мозокот, подобрувајќи ги фокусот и концентрацијата. Самиот чин, додека возите, е одлична можност да ги подредите мислите и да го одблокирате мозокот.

Velosipedizam

Ги согорува калориите

Со возење велосипед во просек се согоруваат најмалку 5 калории во минута, во зависност од вашата тежина и техниката на возење. На пример, ако имате 54 килограми и возите со брзина од 14 километри на час, ќе согорите 350 калории.

Колку побрзо и подолго возите, толку метаболизмот ќе го забрза топењето на калориите.