Имунолошкиот систем претставува совршен борец кој ја претставува одбрамбената сила на човекот во борбата против бактериите, вирусите, габичките и другите непријатели на човековиот организам.
Постојат два вида на имунитет. Вроден и стекнат. Вродениот е секогаш тука и претставува првиот сојузник во борба против микроорганизмите. Стекнатиот е специфичен, се развива бавно и учествува во подоцнежната фаза на одбрана. Координираната реакција на вродениот и стекнатиот имунитет го чинат имунолошкиот одговор на организмот.
Први знаци дека нешто не е во ред
И покрај ваквата совршена организираност на имунолошкиот систем, свесната поддршка е особено важна истиот да остане целосно во функција. Доколку настинките се чест гостин, страдате од недостаток на витална енергија, хроничен замор, појава на херпес,тогаш со сигурност вашиот имун систем ја изгубил својата вистинска моќ.
На што се должи слабеењето на имуната реакција
Постојат низа на фактори кои директно и индиректно влијаат врз целосната функционалност на имуниот систем.
Недоволна физичка активност
Навиките во кои се живее се екстремно важни за добро здравје и силен имунолошки систем. Вежбањето во сите форми е од особена важност во овие процеси. Доволно е дневно да пешачите 30тина минути за поддршка на имунолошкиот систем
Хроничен стрес
Постојаната изложеност на стрес ги отвора вратите за се почести заболувања. Хроничниот стрес несомнено ќе го ослабне имунолошкиот систем. Секое игнорирање на ваквата форма на стрес претставува дополнителен ризик по вашето здравје.
Перекумерна употреба на кафе, цигари и алкохол.
Прекумерната употреба на овие стимуланси е мегу главните причинители за пад на имунолошкиот систем и неговата способност за борба со надворешните агресори.
Недостаток на сон
Заради недостатокот од сон или заради неквалитетен сон имунолошкиотсистем е лишен од можноста да се обнови и зајакне.
Неправилна исхрана
Покрај борбата со несаканите микроорганизми, имуниот систем дополнително се оптоварува и се вклучува и во случаи на конзумирање на несоодветна храна. (нетолерантна и алергена ).Индустриски обработена, масна, премногу зачинета и храна богата со шеќери може да биде опасна за имунолошкиот систем.
Како да си помогнеме
Многу е важно имунолошкиот систем да е во постојана и целосна кондиција, а не за истиот да се грижиме сако кога ке се почувствуваат првите знаци на негово слабеење. Елиминирање на главните фактори и формирање на нови и здрави животни навики навики ќе придонесат вашиот имунолошки систем да биде целосно функционален.
Започнете со исхраната.
Во вашето секојдневно мени воведете што е можно повеќе свежо овошје и зеленчук. Нутритивната вреднос во овие намирници е непроценлива. Се што му е потребно на вашето тело ќе најдете во нив. Изобилство од витамини, минерали антиксиданси. Јадете разновидна храна.
Избегнувајте газирани пијалоци, храна богата со конзерванси, слатки и многу масна храна и преработена храна.
Внесувајте доволни количини на Витамин Ц и витамин Д.
Витаминоц Ц е познат и како најверен пријател на имуниот систем. Го зголемува производството бели крвни клетки и антитела кои го штитат организмот од бактерии и вируси.
Еден од клучните имунолошки компоненти во исхраната која треба да се обезбеди е витаминот Д. Витаминот Д покрај неговото својство за зајакнување на коскениот систем, има значајно дејство во регулација на имунолошкиот систем и подигање на имунобиолошкиот одговор.
Пијте доволно вода
Потрудете се секојдневно да внесувате доволна количина на чиста вода. Најмалку литар ипол дневно значи соодветна поткрепа за работата на имуниот систем. Водата го зголемува количеството на кислород во крвта а воедно го чисти органзмот од токсини. Вака организмот е подготвен за борба со вирусите и бактериите.
Внимавајте на животниот стил
Физичката активност е задолжителна во вакви услови на живеење. не само што ке ги потикнете и активирате внатрешните механизми, преку практицирање на разни форми на активнст ќе подобрите и други сегменти од вашето живеење. Спортувањето не е привилегија. Спортувањето дури и во форма на лесно пешачње и прошетка во природа е неминовно кога станува збор за подобрување на квалитетот на животот.