Чизкејк мафини

Чизкејк мафини

Потребни состојки:

  • 200 гр бисквити
  • 100 гр путер
  • прстофат цимет
  • 250 гр крем сирење
  • 160 гр грчки јогурт
  • 5 лажици мед
  • 1 јајце
  • 1 белка
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 3 лажици џем од јагоди

Подготовка:

Направете џем од јагоди така што на тивок оган ќе варите 10-тина јагоди (замрзнати) со 2 лажици шеќер, малку лимонов сок и вода сѐ додека јагодите да омекнат, ако сакате можете и да ги исечкате за да бидат поситни.

Смелете ги бисквитите и сипете ги во стопен путер, ваквата смеса распоредете ја во калап за мафини и печете на 200 степени околу 5 минути.

Крем сирењето, грчкиот јогурт, белката, јајцето и ванилата, матете ги со миксер па смесата прелијте ја врз секое мафин колаче. На врвот додајте малку џем од јагоди. Печете на 170 степени уште 20-тина минути. Добро оладете ги мафините пред сервирање.