Потребни состојки:
- 3 лажици маслиново масло
- 1 црн домат исечкан на подебели тркалца
- 2-3 домати
- 150 гр моцарела
- зачини по желба: сол, босилек, чили во прав, лук во прав
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Црните домати полијте ги со маслиново масло и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Врз секое тркалце домат, наредете тркалце моцарела и озгора зачинете. Печете околу 20-тина минути. Откако црниот домат ќе се испече, озгора наредете по едно тркалце свеж црвен домат.