Потребни состојки:
- 100 г млад спанаќ
- 1 зелено јаболко
- 50 г моцарела
- 30 г сечкани ореви
Состојки за прелив:
- 2 лажици сок од лимон
- 1 лажица ладно цедено маслиново масло
- 1 лажичка сенф
- сол и црн пипер
Оревите потпечете ги на хартија за печење околу 3 минути на 170 степени, па потоа исечкајте ги. Спанаќот измијте го, исцедете го и по можност не сечкајте го. Ако ливчињата се поголеми, скинете ги. Јаболкото исчекајте го на тенки парчиња, а моцарелата на коцки. Состојките за преливот мешајте ги со лажица за матење за убаво да се соединат, мешајте 1 минута или блендирајте ги. Во длабок сад ставете ги сите состојки за салата и прелијте ги со преливот.