Потребни состојки за салата:
- 2 пилешки гради
- 6 чаши мешана зелена салата (марула, спанаќ, рукола, итн.)
- 1 чаша чери домати, преполовени
- 1 краставица, исечена
- 1 шолја ротквици, тенко исечени
- 1/2 чаша црвен кромид, тенко исечен
- 1/2 чаша фета сирење
- 1/4 чаша семки од тиква или од сончоглед
- свежи билки (како магдонос или копар)
Состојки за маринада на месото:
- 2 лажици маслиново масло
- 2 чешниња столчен лук
- 1 лажичка суво оригано
- 1 лажичка сува мајчина душица
- сол и црн пипер по вкус
Состојки за дресинг:
- 1/4 чаша ладно цедено маслиново масло
- 2 лажици свеж сок од лимон
- 1 лажичка Дижон сенф
- 1 лажичка мед или јаворов сируп
- сол и бибер по вкус
Подготовка:
Маринирајте го пилешкото месо најмалку 30 мин. Загрејте ја скарата и печете ги маринираните пилешки гради околу 6-8 мин. од секоја страна. Оставете го пилешкото да одмори неколку минути пред да го исечете. Во голем сад за салата измешајте ја зелената салата со останатиот зеленчук, здробеното сирење и семките. Во мал сад измешајте ги маслиновото масло, свежиот сок од лимон, сенфот Дижон, медот, солта и црниот пипер додека не се соединат добро. Исечете го месото и ставете го врз салатата, а озгора прелијте со дресингот. Наросете ситно сечкани свежи билки за дополнителен вкус и свежина.