БАМЈА

БАМЈА
Бамјата е мешунка богата со растителни влакна кои се потребни за одржување на правилна работа на дигестивниот систем.

Во својот состав содржи повеќе витамини и минерали, особено витамини од групата Б, а пред сѐ витамин Б6. Таа е преполна и со антиоксиданти и благодарение на овие материи, како прилог во оброкот, бамјата може да ја намали апсорпцијата на шеќерите во крвта и е добра за одржување на нормално ниво на гликоза во крвта. Благодарение на огромното ниво на пектини, бамјата помага во намалување на холестеролот во крвта. Нејзината особина да го подобрува протокот на крвта придонесува за подобро функционирање на мозокот. Покрај здравствените придобивки, бамјата е одлична за подготовка на разни сосови и супи бидејќи содржи желатински сок кој добро се меша со готвените јадења.