Потребни состојки за бомбици со хималајска сол и црна чоколада:
-
½ шолја бадеми
-
¾ шолја урми
-
1 кафена лажица кокосово масло
- 50 г темна чоколада (со 80 % какао)
-
Хималајска сол
Подготовка:
Ставете ги урмите да отстојат во жешка вода 30 минути. Во блендер или во друг процесор за храна сомелете ги бадемите, додадете ги исцедените бадеми и кокосовото масло и блендирајте додека да добиете смеса со која може да се формираат бомбици. Обликувајте ги бомбиците и ставете ги во замрзнувачот додека ја топите чоколадата. Потопете ги бомбиците, една по една, во стопената чоколада и поросете ги со хималајска сол. Ставете ги во замрзнувач околу 10 минути, а потоа чувајте ги во ладилникот сѐ до сервирање.