БОСИЛОК – Kралска билка

БОСИЛОК – Kралска билка
Босилокот (Ociumum basilicum) е едногодишно растение кое расте од 30-40 см има пријатен вкус, волшебна арома и убав изглед. Зборот босилок потекнува од грчкиот збор басиликон, што значи кралски. Листовите се со овална форма, а додека цветовите се бели, црвенкасти или жолтеникави во класови на врвот на билката. Се одгледува како градинарска билка на сочеви места и на хумусна почва. Чувствителен е на ниски темератури и поради тоа не поднесува ладна вода за полевање. Денес во светот се познати околи 60 разни видови на босилок.

Состав
Босилокот содржи етерично масло, танини, гликозиди, сапунини, аскорбинска киселина. Етеричното масло содржи: еутенол, цинеол, метил хавикол, камфор, а додека во семето има: каротен, рутин и триглицериди. Богат е со антиоксиданси и тоа најмногу со  бета каротенот. Во босилокот има значајни количини на витамин Б6 и магнезиум.

Лековити својства
Освен пријатниот мирис, арома и вкус, босилокот има и лековити својства. Древните народи верувале дека босилокот има позитивно влијание на целото тело и духот, а современите испитувања го потврдуваат тоа. Босилокот е силен антиоксиданс. Антиоксидансите кои ги има растението го штитат телото од оштетувања предизвикани од слободните радикали, го спречива  и го спречува настанувањето на неколку видови ракови. Босилекот е корисен и за кај белодробни заболувања. Успешно се применува и за третман на многу болести на уринарниот тракт, воспаление на бубрезите или болно мокрење. Повеќе истражувања покажале дека има поволно влијание врз имунолошкиот систем на човекот. Свежите листови и маслото од босилок  имаат антибактериско и антисептично дејство. Босилокот може да се користи и локално, така што свежи листови се ставаат врз раната и спречуваат бактериски инфекции. Исто така се користи и за лекување на стомачни проблеми, грчеви и надуенсот на стомакот. Босилокот е добро познато средство за смирување, при третман на несоници. Поволно дејствува на менталното здравје бидејќи има смирувачко дејство заради што се препорачува  при стрес и напнатост. Ја подобрува концентрацијата и помнењето.
Како зачин во кулинарството
Мирисните листови се употребуваат во многу кујни, за приготвување на разни јадења. За да се задржи вкусот на босилокот, во јадењата треба да се доддаде на крајот на готвењето. Секогаш кога можеме, добро е да употребуваме свеж босилок, бидејќи има поинтензивен вкус од сушениот. Билката својата слава во кулинарството ја има добиено по познатиот Песто сос направен од босилок, пињоли, маслиново масло и пармезан. Бидејќи кај нас пињоли практично не може да се набави, како алтернатива може да се употребуват смеки од сончоглед. Босикот се употребува како зачин или додадок во многу салати.Најдобо е кога се користи свеж, иако може да се употребува и исушен и смрзнат. Сувиот босилек губи многу од својата арома, па затоа е многу подобро да се замрзне (можете ситно да го исецкате, да го измешате со малку вода или масло и да го смрзнете во пластични садови за правење коцки мраз). Термичката обработка исто така го уништува вкусот поради што босилекот треба да се додава сосема на крајот од приготвувањето.

Чај од босилок: 
Исечете ги листовите од босилок и прелијте ги со топла вода, оставете ги да одстојат околу 8 минути и потоа процедете ја смесата. Чајот треба да се консумира незасладен, два до три пати на ден по една чаша. Може да засладите со мед, но само за болести на белите дробови или кашлица.

За мирен сон
Лажица свеж босилек се вари 10 минути во 2 и пол децилитри вода. Се остава да стои 10 минути. Потоа чајот се цеди и се пијат мали голтки, незасладен пред спиење. Чајот приготвен од босилек им помага на доилките  да ја зголемат продукцијата на млеко !!!