Бразилски ореви

Бразилски ореви

Имаат одличен путерест вкус од кој човек не може да се засити, но никако не смее да се претерува со количината, бидејќи бразилскиот орев е најголемиот извор на селен на планетата. Со само 28 гр бразилски ореви се задоволува половина од дневно препорачаниот внес на селен кој му е неопходен на имунитетот, на тироидната жлезда и на клетките, бидејќи го поддржува нивниот раст. Тие се одличен извор и на протеини, но и на здрави масти кои му се неопходни на срцето. Бразилските ореви исто така содржат и многу антиоксиданти, како витамин Е и феноли, кои се борат со слободните радикали кои, пак, предизвикуваат воспалителни процеси во организмот. Само еден орев во денот е доволно за да превенирате од низа воспаленија, но само ако сте доследни. Бразилските ореви го намалуваат лошиот холестерол (ЛДЛ) и го одржуваат здравјето и протокот на крв во крвните садови. Докажано е и нивното заштитно дејство на мозокот, имено селенот и елагинската киселина во составот на бразилските ореви, го подобруваат мозочниот капацитет, но и расположението.