БРЗО ОДЕЊЕ

БРЗО ОДЕЊЕ
Благородна спортска дисциплина со долги корени во натпреварите, вклучувајќи ги и Олимписките игри. Со овој спорт се занимавале и кралевите, а со победа се здобивале сo повеќе пари и почит. Сето тоа се завршило уште во минатиот век, кога трчањето ја презело таа улога.

Што е точно брзо одење? 
Тоа не е обично одење,ниту џогирање. Тоа е oлимписки признаена спортска дисциплина, која се дефинира како движење нанапред на тој начин што едно стапало мора да биде во контакт со земјата пред водечкото стапало да направи контакт со земјата. За натпреварувачите е важно да одат што побрзо, одржувајќи исти чекори, без да бидат дисквалификувани поради „недозволени чекори“. Во секој случај, овој спорт се разликува многу од одење, трчање или планинарење.

Како да научиме правилно да го практикуваме овој спорт?
При брзото одење се користи специфична техника,при што едното  стапаломора  цело време да биде во контакт со подот.  Движењата се прават така што едното стапало е целосно на подот,додека другото стапало се подигнува, со ногата се прави не многу голем чекор и второто стапало ја зазема улогата на првото.Притоа се одржува рамнотежа со помош на рацете.

Кои се бенефитите од овој спорт?
Најпрво,тоа е компетитивен спорт и е идеален за оние кои сакаат да се натпреваруваат на поразличен начин од планинарење и трчање.
Со практикување на овој спорт се зголемуваат придобивките од кардиоваскуларните и аеробните вежби,без да се оптоварува телото, како што се случува при трчање. Оваа спортска дисциплина,всушност ја практикуваат многу спортисти,кои ја користат како тренинг помеѓу нивните редовни тренинзи, со цел полесно одржување во форма,како и побрзо опоравување после повреди.
При редовно практикување, со брзо одење се подобрува тонусот на мускулите, а поради специфичната техника на движење се добиваат добро тонирани мускули на нозете како и на абдоменот. Поради овие  бенефити овој спорт е одличенза постигнување на „извајана“фигура, и е многу поделотворен од стандардните вежби на справи во теретани или фитнес центри. Исто така,има многу позитивно влијание на функцијата на мускулите, коските и зглобовите.

Доколку се практикува брзо одење со поголема брзина, се трошат повеќе калории отколку џогирање на иста далечина.
При брзо одење се губат околу 80 калории на 1 км, што е повеќе отколку калориите (60 калории) кои се губат при трчање на 1 км.

Иако е техника на одење, сепак,се раздвижува и горниот дел од телото. За да се одржи брзината на одење, мора да се координираат двете раце со силнидвижења. Со ваквите движења се подобрува тонусот и силата на мускулите на рацете, вратот и градите, а притоа се зголемува и губењето на калории. Сите овие движења предизвикуваат зголемени здравствени придобивки. При едно истражување спроведено од Универзитетот Вејн Стејт во Детроид, се покажало дека спортистите кои се занимаваат со брзо одење имаат ист физиолошки профил како и оние спортисти кои се занимаваат со трчање на долги патеки. Тоа е затоа што тие имаат низок индекс на масти и висок однос на добар/лош холестерол.

Брзото одење е спортска дисциплина која може да биде компетитивна и во исто време и интересен начин да се одржува здравјето и тонусот на мускулите.

Кој може да практикува?

Може да го практикува речиси секој, а особено е препорачливо за лица кои од која било причина помалку се движат (на пример, оние кои на работното место воглавно седат или стојат), како и сите кои поголем дел од времето го поминуваат во затворени простории. За постигнување на оптимален ефект, најдобро е да се тренира три до четири пати неделно во траење од 40 до 60 минути со брзо темпо.