Благодарение на неверојатниот вкус и текстура, оваа печурка се вклопува во речиси сите јадења од чорби и сосови во комбинација со месо или зеленчук или едноставно подготвени во тава со путер. Буковката содржи мноштво хранливи материи и капацитет да го регулира холестеролот во крвта. Студијата изведена врз лабораториски глувци покажала дека буковката го намалува холестеролот во крвта за 37 %, додека нивото на триглицеридите за 45 %. Буковката исто така има силно антивоспалително дејство, па затоа се препорачува како одлична превентивна мерка за сите луѓе склони на хронични воспаленија како артритис, дијабет, канцер, деменција, кардиоваскуларни заболувања и други.
Природниот состав на буковката подразбира многу вода, растителни влакна, протеини и многу малку калории, па затоа е одличина за луѓето кои сакаат да ја намалат телесната тежина. Протеините во буковката го забавуваат лачењето на грелинот, хормон на гладта. Растителните влакна во буковката ги одржуваат здравјето и перлистатиката на тенкото и дебелото црево и служат како храна за корисната микрофлора, додека истовремено го продолжуваат чувството на ситост штом се врзат со водата. Буковката е одлична храна за мозокот бидејќи ги содржи витамините Б3 и Б2 кои го намалуваат ризикот од когнитивни нарушувања кај возрасните и го одржуваат здравјето на нервниот систем.