Целијакија

Целијакија

Болеста што ја предизвикува глутенот

Сигурно и во вашето опкружување има личност која избегнува глутен во исхраната. Се чини дека диетета без глутен е актуелен тренд, а луѓето ја применуваат од различни причини:

  • за да ја намалат телесната тежина,
  • да ја подобрат концентрацијата, расположението и
  • општата здравствена состојба.

Што е глутен?

Пред да му пресудите на глутенот, добро е да научите што точно претставува тој за да расчистите со сите недоумици кои произлегуваат од трендот наречен безглутенска диета. Иако повеќето луѓе мислат на една специфична работа кога велат „глутен“, всушност тоа е термин што се користи за група протеини (проламини) кои можат да се најдат во пченицата, `ржта, јачменот и овесот.

Проламините кои најчесто се наоѓаат во житарките се глутенин, глиадин и хордеин. Протеините на глутен се многу отпорни на протеаза – протеолитичкиот ензим во нашиот дигестивен тракт. Поради нецелосното разградување на овие протеини, големите аминокиселински единици на глутен минуваат низ ѕидот на тенкото црево, каде што можат да активираат имунолошка реакција, како во случајот со целијачна болест.

Каде се наоѓа глутенот?

Во пченица, спелта, јачмен, `рж, овес! Заменете ги овие зрна со леќа, пченка, просо, киноа, амарант или ориз. Начинот на кој се чуваат овие намирници е многу важен, бидејќи контаминацијата со глутен е можна и преку воздух или невнимание при подготовка на друга храна во кујната. Се препорачува производите без глутен да се чуваат на посебно место во кујната во кое ќе има само безглутенски производи. Исто така, подготовката на храна без глутен не треба да се врши паралелно со подготовката на друг оброк кој може да содржи глутен.

Зошто глутенот е штетен?

Често се дискутира за штетноста на глутенот, а се фаворизираат производи без глутен. Не смееме да заборавиме дека, ако навистина нема причина за тоа (целијачна болест или лош генетски статусс на цревната флора), не е неопходно да се намалува глутенот од исхраната. Замената на глутенот со ориз, пченка, пченкарен скроб и компир подразбира зголемен внес на намирници со висок гликемиски индекс кои може да предизвикаат проблеми кај пациентите со дијабетес и кај оние кои сакаат да ја намалат телесната маса.

Од друга страна, во житариците има големо количество вакна кои обезбедуваат храна за добрите бактерии во цревната флора, кои ја спречуваат апсорпцијата на мастите и влијаат на одржувањето на идеалната телесна маса и на регулирањето на липидниот статус.

Simptomi za visok gluten

Што е Целијачна болест?

Целијакија е хронична, системска болест која се активира кога засегнатото лице внесува глутен преку храна. Се смета за воспалителна, автоимуна болест која погодува околу 1 % од светската популација. Во Европа дури 1 од 130 до 1 од 300 луѓе во различни земји ја имаат оваа болест. Ризикот за болеста кај членовите на семејство каде што има болен од целијакија е 10 пати поголем.

Најпрво, автоимуната реакција се локализира во тенкото црево. Со текот на времето се оштетува слузницата на тенкото црево како последица на воспаление, а се намалува можноста за апсорпција на хранливи материи. Оштетувањето на цревата може да предизвика дијареа, замор, губење на тежината, надуеност и анемија, а може да се развијат и сериозни компликации. Постојати атипични форми на болеста, и бидејќи кај деца се почести типичните кои полесно се дијагностицираат, порано се сметало дека тоа е болест која започнува во детството.

Денес е докажано дека е еднакво застапена кај двата пола, но кај возрасните предоминираат атипичните форми на болеста поради што поретко се дијагностицира. Се претпоставува дека на еден дијагностициран болен од целијакија има 7 кои не се дијахностицирани. Од појавата на првите симптоми до поставување на дијахнозата на глутенска етеропатија просечно минуваат 10 години. Болеста зафаќа многу органи и системи, па денес целијакијата се дефинира како мултисистемска болест.

Симптоми
  • хронична дијареа или запек
  • бледа столица со карактерисичен мирис
  • грчеви и болки во стомакот
  • надуеност и гасови
  • гадење и повраќање
  • афти во устата
  • малаксаност
  • губење тежина

Можеби во моментов и вие сте на мисла да го исклучите глутенот од исхраната, па затоа добро е да знаете дека нема докази кои тврдат дека глутенот сам по себе е нездрав! Тој е опасен само за одредена категорија луѓе кои имаат целијачна болест – болест која се активира во присуство на глутенот.

Дијагноза

Постојат два типа тестови кои помагаат да се дијагностицира оваа болест:

Серолошко тестирање – се зема примерок од крв и се проверува присуството на одредени антитела во серумот кои укажуваат на имунолошки одговор на глутен. Важно е да се нагласи дека нивото на овие антитела релативно брзо опаѓа при диета без глутен и затоа лицето не треба да го исфрли глутенот од исхраната пред тестот, бидејќи во тој случај резултатите може да бидат навидум уредни.

Генетско тестирање – се зема примерок од крв и се проверува дали лицето е носител на гени кои имаат предиспозиции за развој на целијачна болест. Ако целијачна болест се открие со овие тестови, особено ако лицето има малку покачена или негативна серологија со позитивен резултат од генетско тестирање, честопати лекарот го упатува пациентот на ендоскопија и биопсија за да се утврди степенот на оштетување на слузницата на тенкото црево.

Некои групи луѓе имаат поголем ризик за развој на целијачна болест од општата популација, вклучувајќи:

Членови на семејството на засегнатото лице – поради генетска предиспозиција, шансата за развој на целијачна болест се зголемува многукратно. Пациенти коио страдаат од други автоимуни заболувања (дијабетес тип 1, автоимун тироидитис, воспалителни болести на цревата итн..) Лица кои страдаат од хромозомски нарушувања (даунов синдром, Тарнеров синдром, Вилијамс синдром итн ..).

Test za gluten

Покрај гастроентеролошките проблеми кои ја прдружуваат целијачната болест, може да се појават и симптоми кои не се поврзани со дигестивниот тракт, а се манифестираат и на други органи:

  • анемија
  • недостаток на витамини и минерали
  • губење на косеканата маса (остеопороза)
  • оштетување на забната глеѓ
  • болки во зглобовите
  • чешање и осип на кожата (дерматитис херпетиформис)
  • депресија
  • анксиозност
  • главоболка
  • низок раст кај децата или застој во растот
  • проблеми со пубертетскиот развој (одложен пубертет)

Лекување

Единствениот можен лек кој им овозможува на луѓето кои боледуваат од целијачна болест да живеат нормален живот, е строга и доживотна безглутенска диета. Доколку заболените не се придржуваат до таа диета, може да дојде до оштетување на слузницата на тенкото црево, како и бројни компликации кои произлегуваат од дигествини нарушувања и апсорпција на хранливи материи, па дури и до малигнитет. Дури и во присуство на глутен во трагови во исхраната, што не предизвикува симптоми на активна целјачна болест, исто така може да предизвика воспаление и оштетување на дигестивниот тракт.

Глутенот е присутен во речиси сите индустриски производи, дури и во оние каде што не се очекува негово присуство – во многу лекови, суплементи, пасти за заби, козметички производи, пијалаци, кафе, чоколада, бонбони. Целосното исфрлање на глутенот од исхраната постепено ќе го намали восплаението во тенкото црево, поради што симптомите брзо ќе исчезнат и лочноста ќе се чувствува подобро, а постојните оштетувања ќе почнат да заздравуваат. Кај децата, процесот на закрепнување е уште побрз отколку кај возрасната популација.

Доколку лицето кое боледува од целијачна болест има недостаток на хранливи материи, лекарот ќе препише орални додатоци на витамини и минерали кои се дефицитарни. Доколку е загрозена апсорпцијата кај овие пациенти, суплементацијата може да биде и во форма на инјекции.

Како да се воведе глутен кај бебето?

Според препораките на Светската здравствена организација, до шестиот месец на бебињата им е доволно само мајчиното млеко кое не содржи глутен, бидејќи и покрај тоа што мајката го консумира, не стигнува до нејзиното млеко. Со воведување на диета без млчени производи, не е неопходно да се исклучи глутенот од житариците за бебиња, освен ако веќе постои сомневање за целијачна болест, која не може да се дијахностицира пред 9-18 месеци, а дијагнозата на алергија на глутен често се меша со другидигестивни проблеми.

Кога воведувате житарки, прво почнете со ориз и палента, а потоа полека почнете да внесувате глутенска храна една по една, а не пред шестиот или седмиот месец.

Докажано е дека глутенот што се содржи во 1/48 дел од обично парче глутенски леб може да биде причина за одржување на активна болест. Во светот е прифатено дека сите продукти кои не содржат глутен, при нивното лиценцирање добиваат знак на клас од пченица кој е прецртан.

Gluten kaj deca