Чоколадни колачиња

Чоколадни колачиња

200 г црна чоколада се топи на пареа со 50 г путер.
2 јајца се матат со 70 г шеќер, и се додава растопената чоколада, половина печиво, прстофат сол и 190 г брашно.

Смесата се става во фрижидер околу 2 часа. Се вади и се прават мали топчиња кои се валкаат во шеќер во прав, се редат на плех за печење обложен со хартија и се печат на 200 степени 11 минути (не повеќе).