ЦРЕВНИ ИНФЕКЦИИ

ЦРЕВНИ ИНФЕКЦИИ
Повраќањето и другите проблеми со гастроинтестиналните патишта и цревните инфекции почесто се појавуваат во текот на летото, бидејќи храната која се чува на високи температури полеснo се контаминира.

Причини за повраќање

Повраќањето е секогаш знак дека нешто се случува со организмот. Причините за овие симптоми можат да бидат различни, а најчесто се работи за вирусни, поретко бактериски инфекции (салмонела и стафилокок), хемиска или друга интоксикација. Може да е поврзано со други здравствени состојби, како што се главоболки, абдоминални процеси, настинки, гушоболка. Повраќањето често,  речиси секогаш, го следи пролив, а честопати и висока телесна температура.
Вирусни предизвикувачи на гастроентерити 

За развојот на норовирусните (Noro-virus) инфекции потребно е многу мал број вирусни честички, Toj e познат по предизвикување на епидемии на гастроентеритиси. Иако најчесто вирусите кои се одговорни за појава на вирусни гастроентерити се почести во зимскиот период, во текот на летото најчесто се појавуваат инфекции со Норовируси од семејството Caliciviridae, за кои се смета дека предизвикуваат дури 50 проценти од гастроинтериите инфекции предизвикани од храна. Норовирусите ги зафаќаат сите лица, независно од животниот век, кои се пренесуваат со фекално контаминирана храна и вода, преку непосреден контакт со заразениот човек или капков пренос на вирусот и последична контаминација на разни површини.

Во вирусните гастроентерити често се присутни  инфекции  и со Адено-вирус и Рота-вирус, иако нивната застапеност е пониска во споредба со Норо-вирусите во лето.

 

Клиничка слика и лекување

Норо-вирусите предизвикуваат симптоми како што се: мачнина, повраќање, грчеви во стомакот, температура, болки во мускулите и исцрпеност. Болеста започнува ненадејно, 24 до 48 часа по влезот на вирусот во организмот, иако симптомите можат да се појават веќе 12 часа по експозицијата. Траењето на гастроентеритот е кратко, неколку дена, но вирусот е активен во столицата уште месеци, а со тоа може да претставува опасност за зараза на околината. Епидемиолошките и клиничките искуства укажуваат на тоа дека децата многу почесто повраќаат од  возрасните лица.

Ентеровирусите најчесто предизвикуваат инфекциии на местата на умерена клима, и тоа вообичаено кон крајот од летото и почетокот на есента. Разликуваме седумдесет видови на ентеровируси кои предизвикуваат голем број заболувања, чии симптоми се рангираат од мали до животно загрозувачки. Најчести жртвите на ентеровирусите се деца во возраст од 4 до 12 години. Заразата најчесто се шири преку нечисти раце, но не може и да се прошири и преку заразена вода или застојна вода како базен.

Симптоми на ентеровирозата се: зголемена телесна температура која трае неколку дена, повраќање и пролив, појава на болни афти или ранички по мекото непце, а може да се појават и мали меурчиња на рацете и нозете. Потешките форми дури може да бидат проследени со развој на вирусен менингитис, плеуродинија, сè до развој на енцефалит.

Основата  на лекување на гастроентеритисот е надоместување на загубените течности и електролитите и консумирање на поедноставна, лесно сварлива храна. Масна, тешка, пржена и слатка храна треба да се избегнува, како и сите производи од млеко, со исклучок на пробиотички производи. На лицата кои не можат да примаат течност на уста заради мачнина, чести повраќања (особено мали деца), им треба медицинска грижа и надоместување на течности преку интравенски пат. Антибиотска терапија кај вирусните инфекциите, но и кај лесен облик на инфекција со салмонела не се препорачува, бидејќи може да ја продолжи болеста и да предизвика хронична состојба, а кај вирусни гастроентеритиси таа нема никакво влијание.
Бактериски предизвикувачи на гастроентерити  

Високите температури претставуваат погодно милје за размножување на бактерии во храната, а некои видови на храна се исклучително соодветни за нивно ширење. За разлика од причинителите на гастроентеритисот во зима, во текот на целата година, најчести предизвикувачи се бактериите.  Првенствено се однесува на бактериите од родот салмонела кои ги откриваме низ целиот свет кај луѓето, животните и околината. Тој микроорганизам влегува во организмот преку дигестивниот систем, а за развој на болести кај здрави лица потребен е голем број колонии, па затоа инфекцијата обично настанува како резултат на големиот внес на храна каде што бактеријата е во големи концентрации. Производи на млечна база, кремасти колачи и друга храна која содржи недоволно термички обработувани јајца, потоа шлаг, недоволно измиено овошје и зеленчук, како и термички необработено пилешко и мелено месо може да се контаминирани со салмонела. Уште еден важен предизвикувач на бактериска контаминација на храната во текот на летото е златниот стафилокок, т.е. Staphylococcus aureus. Во храната навлегува преку контакт со кожа или слузница на колонизирани лица при подготовката на храната, а неговиот  ентеротоксин е отпорен на загревање и кратка термичка обработка.

Важни совети за спречување на инфекции

Контаминираната храна најчесто има нормален изглед, мирис и вкус. Поради тоа, клучот на превенцијата е да се спречат бактериите да влегуваат во храната и да се размножуваат  за да се спречи инфекција. Најважниот чекор во превенција е хигиената на рацете.

Добро треба да се одмива овошјето и зеленчукот, треба да се исчистат и работните површини и додатоците за јадење. Преработените продукти од, месо и јајца треба добро да се обработат, а рибата треба да се подготви свежо. Храната треба да се подготви за готвење пред консумирањето и  да не се чува надвор од ладилникот. Вода од непознато потекло треба да се избегнува, Соодветна  хигиена и сите наведени постапки и понатаму се главни средства за борба против инфекции во текот на летото и раната есен.

Постапки со болно дете

Често и обилно повраќање, особено ако по него следи пролив и температура, брзо доведува до губење на течност или дехидрација.  Децата во овие состојби одбиваат храна и течности. Потребно е да се  надомести губитокот на течностите, што подразбира внесување на која било течност којашто детето ја прифаќа, со давање на мали количини на течност, на кратки временски интервали. Пожелно е да му се понуди и цврста храна, односно она што го сака детето. Треба да знаете дека земањето храна не ја загрозува здравствената состојба на децататие не е потребно да се ставаат на ригорозни диети.