Црно семе

Црно семе

Црното семе заслужува да се најде на листата на природни суплементи, бидејќи неговите корисни својства му служат на човекот уште пред 2 илјади години. На почетокот, наоѓало примена при лекување главоболка и низа други болки, но со текот на времето се користело и за лекување на многубројни состојби на дигестивниот тракт како подуеност, дијареја, констипација, хемороиди. Црното семе е делотворно и кај респираторните состојби како астма, алергии, кашлица, бронхитис, грип. Од нутритивен аспект, предничи со омега-6 и омега-3 масни киселини во составот, калциум, железо, натриум, калиум, а богато е и со диететски влакна. Тоа е моќен антиоксидант, содржи аскорбинска киселина, кварцетин и лутеин, кој се бори со слободните радикали штитејќи го организмот од рак и од мозочен удар. Специфично за него е што содржи аргинин, кој е важен и за трудниците и за развојот на бебето. Се препорачува да се консумира и во текот на доењето, особено ако мајката има недостиг од млеко. Најчесто се консумира во облик на масло.