Дали растат мускули при вегански начин на исхрана? – ДА, ако јадете доволно растителни протеини!

Дали растат мускули при вегански начин на исхрана?  – ДА, ако јадете доволно растителни протеини!

Ефективниот и здрав начин на градење мускули подразбира доволна количина калории, тренинг програма и, секако, протеини –играат клучна улога бидејќи ги обезбедуваат суровите материјали неопходни за обнова на мускулите, но и за раст на нови мускули. Дали има разлика ако протеините се од животинско или растително потекло?

Резултатите од студијата од 2017-та велат дека кога станува збор за мускулната маса – количината на мускули во телото – растителните протеини се подеднакво добри како и растителните. Истражувачите набљудувале како одбраниот извор на протеини влијае на мускулната маса на испитаниците. Не е изненадувачки што оние кои имале највисок внес на протеини имале најмногу мускулна маса. Но, не постоела никаква поврзаност помеѓу мускулната маса и типот на внесените протеини. За одржување на мускулната маса, тофу сирењето, сојата и леќата се доволни, сѐ додека ги консумирате во доволна количина.

Но, што е со мускулната добивка? Истражувањата (направени врз мажи) открија дека животинските протеини, како сурутката, се многу поефективни при создавање мускули (после тренинг со кревање тегови) за разлика од растителните како сојата. Причината? Животинските протеини содржат повеќе леуцин – протеинска градбена единица која поттикнува мускулен раст. Животинските протеини обезбедуваат 8  – 11 % леуцин, додека растителните само 6 – 8 %.

Но, ако внесете доволно леуцин од растителен протеински извор (2-3 г после вежбање) слободно можете да им парирате на животинските извори. На пример, треба да изедете 200 г леќа за да дојдете до посакуваните 2.5 г леуцин. Добра стратегија е во денот да внесете 2 или 3 растителни протеини.

1.2– 2 г е износот на протеини за секој килограм од телесната тежина што треба да го консумирате за да стигнете до мускули.