Дали вашиот дом е токсичен?

Дали вашиот дом е токсичен?
Што ако вашето безбедно место наречено дом, постојано го преплавува вашиот организам со токсини?

Постојат низа ригорозни супстанци кои влијаат на ендокриниот систем, поточно ја загрозуваат работата на тироидната жлезда и хормоните,зголемувајќи го потенцијалот на низа хронични болести како дијабетес и срцеви заболувања.

Неодамнешната студија на Универзитетот Џорџ Вашингтон, САД, откри 45 различни токсични супстанци во вообичаената куќна прашина од кои најмалку 10 демнат во 90 % од домовите. Благодарение на модерното домаќинство и употребата на различни формули за одржување на чистотата, луѓето несвесно создаваат небезбеден дом. Решението не подразбира само ослободување од производите за чистење, бројот на токсините во домот ќе се намали ако разумно се храните, одбирате каква вода пиете и каков воздух дишете.

Бања

Многу од козметичките производи содржат високо ниво на фталати кои имаат негативен ефект на ендокриниот систем. Најчесто треба да се наведени меѓу листата состојки, но не бидете изненадени ако не се. Некои кармини на пример, имаат премногу олово. За да не заглавите читајќи етикети, користете 2-3 производи во текот на денот за да не ја преплавите кожата со безброј токсини. Денес е уште полесно, едноставно префрлете се на природни, органски алтернативи. И не заборавајте да ја фрлите онаа маска за лице што стои во бањата од 1999-та. Ако вашата бања сѐ уште ја красат завеси, имаме лоши вести. Пластичните завеси најчесто содржат ПВЦ (поливинилхлорид) кој служи да ја омекне пластиката, но истовремено емитува токсични супстаници вклучувајќи фталати и олово. Да, количините се ниски, но кога веќе има избор, набавете од оние што не содржат ПВЦ. Во пастата за заби или течноста за плакнење уста, може да најдете антибактерска состојка наречена триклосан. Неговата структура е толку слична со тироидните хормони, така што тој лесно се врзува за тироидната жлезда целосно загрозувајќи го целиот организам. Бели заби се возможни и без токсини, потребен ви е само флуорид без триклосан.

Дневна соба

Не треба да сте научник за да забележите дека телевизорот се загрева додека работи, истото се однесува и на компјутерот и телефонот. Скоро секој уред има забавувач на топлината кој сам се активира. Токму тој  е токсичен до степен да влијае на хормонскиот баланс. Премногу е да бараме да се откажете од овие гаџети, затоа едноставно исклучете ги во текот на ноќта за целосно да се оладат. Прескокнете ја опцијатаstandby или night mode, спасот е во power off. Исклучувањето прави голема разлика во нивото на овие штетни материи кои живеат во куќната прашина и воздухот. Идејата за уживање пред камин секому звучи добро, но последниве години сфативме колку штетно може да биде. Отворениот оган емитува двојно повеќе штетен чад и ситни саѓи за разлика од затворената печка чија емисија е повеќе штетна за надвор, отколку за домот. Имајте на ум дека сувите дрва чадат помалку, а тоа значи дека се помалку штетни од влажните и скапани трупци.

Колку и да е удобна, меката гарнитура е поштетна во однос на тврдата. Но, ова важи само ако содржиперфлуорирани алкилизирани супстанци (PFA), а повеќето содржат, чија цел е да го направат креветот водоотпорен и отпорен на дамки. Но, ваквиот „паметен“ кревет може да го потисне или да го наруши имунитетот. Софата изработена од кожа или памук е посигурна варијанта. Во случај веќе да заглавивте со штетникот од погоре, редовното чистење на креветот со правосмукалка може да помогне.

Спална соба

Речиси една четвртина од животниот век човекот го поминува во кревет што не е малку во однос на тоа колку се жалиме дека сме ненаспани. Но, причината за умор и неквалитетен сон многу веројатно се должи на несоодветната постелнина и лош душек.Сериозно се исплати да инвестирате во душек од органски латекс, полнењето на јорганот да биде од волна, а чаршафите и навлаките за перници да бидат од органски памук, во спротивно се изложувате на сериозна количина токсини кои ги апсорбирате преку кожата и грлото додека спиете. Освежувачите за воздух во облик на спреј и миризливите свеќи, честопати содржат лимонен кој го обезбедува оној цитрусен мирис. Ова не звучи воопшто страшно, но кога лимоненот ќе дојде во контакт со честичките во воздухот се трансформира во формалдехид кој е канцероген. Добрата вест е тоа што одредени растенија како бршленот, лавандата, папратот и гераниумот го апсорбираат формалдехидот од воздухот во домот. Се погриживте да го освежите ентериерот менувајќи ја бојата на ѕидовите, но дали се запрашавте колку безбедна боја користевте? Бојата содржи низа штетни материи кои испаруваат во воздухот и тоа на собна температура. И малото изложување на овие материи може да предизвика главоболка, вртоглавица и гадење. Следниот пат обрнете внимание на составот, ви треба боја што не содржи фталати.

Кујна

Сигурно се гордеете што вашата исхрана се темели на заленчук и овошје, но што ако ви кажеме дека истата може да биде поштетна и понечиста од месото купено во кебапчилница? Плодовите растат со помош на пестициди кои завршуваат во мијалникот, а оттаму лесно пак стасуваат до вас. Инаку, виновни се за остеопороза, хормонски дебаланс и клеточно оштетување. Немате доволно буџет за да купувате исклучиво органско? Обрнете внимание на 12-те плодови кои најмногу задржуваат пестициди: јагоди, спанаќ, нектарина, јаболка, праски, круши, цреши, грозје, целер, домат, сите видови пиперки и компири. За темелно да ги дезинфицирате, потопете ги во раствор од сода бикарбона и оцет, а потоа уште еднаш темелно измијте ги со чиста вода. Голем дел од храната спакована во плстична амбалажа или конзервираната, содржи високи дози на бисфенол А, состојка која ја поврзуваат со покачен ризик од гојазност, болести како дијабетес, а го забрзува и стареењето. Јадете почесто свежа храна, а она што ќе остане складирајте го во стаклени садови или пластика што не содржи BPA.