ДЕТОКСИКАЦИЈА – ВРЕМЕ Е ЗА ПРИРОДНО ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ

ДЕТОКСИКАЦИЈА – ВРЕМЕ Е ЗА ПРИРОДНО ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ
Имате чувство да сте постојано уморни, постојано ви се спие и немате доволно енергија ? Време е за чистење на организмот !!! 

Дали знаевте дека чистењето на организмот може да ви помогне во враќањето на енергијата и да ви ја подобри здравствената состојба ?! Се што треба да направите е да посветите малку внимание и време и резултатите се тука !!!

Детоксикација во нашето тело се одвива преку функцијата на белите дробови, бубрезите, кожата и црниот дроб. Доколку, функцијата на било кој од овие органи е нарушена, штетните материи се акумулираат, што води до појава на симптоми како што се:

  •  умор
  • главоболка
  • алергии
  •  ослабнат имунитет
  •  ментален замор и нарушена концентрација
  •  болки во мусклулите и зглобовите
  • дебелеење
  • промени во расположението
  • депресија
  • несоница
  • покачени масти и шеќери во крвта и слично

Нормално, секојдневно штетните материи се одстрануваат од организамот преку урината, фецесот, процесот на дишење или пак преку нивно неутрализирање. Жолчната кеса, лимфните жлезди, кожата и крвта се канали кои даваат поддршка во процесот на детоксикација. Доколку не направиме природно чистење на нашето тело, сите овие распадни и штетни материи се насобираат во каналите за елиминација, поради што често се разболуваме и тешко опоравуваме. Додека го прочистуваме своето тело, особено важно е сите овие канали да бидат отворени и проточни.

ПРИРОДНА ДЕТОКСИКАЦИЈА ЗА ЈАК ИМУНИТЕТ
Иако чистењето на организмот можете да го направите кога и да посакате, најдобро време за тоа се пролетта и летото. После долга зима, каде исхраната е сиромашна со свежо овошје и зеленчук,  пролетта е одлично време да го прочистиме своето тело и наполниме со витамини и минерали.

Постојат повеќе начини на детоксификација на телото. Скоро секој WELLNESS центар може да ви понуди третман за детоксификација, но немојте да се брзате:

Природата ни нуди едноставни и бесплатни начини на чистење на организмот.

ЧИСТЕЊЕ ВО ТРИ ФАЗИ
Првата фаза вклучува чистење на бубрезите, втората на црниот дроб а третата на цревата.

  1. За  време на првата фаза важно е да внесувате билни диуретици. Чајот од магдонос, ѓумбир, глуварче, коприва како и сокот од лимон и брусница се одлични во прочистувањето на бубрезите
  2. Втората фаза вклучува зголемен внес на зелјест зеленчук, а особено зеленчук богат со горчливи материи (рукола, марула, кељ, прокељ, артичока), кои го прочистуваат и регенерираат црниот дроб.
  3. Третата последна фаза е насочена кон прочистување на цревата. Храна богата со растителни влакна и омега-3 масни киселини го помага овој процес (овошје, зеленчук, ленено семе, житарици).

Седумдневен план за детоксикација на организмот

  • Штом ке станете од спиење: Напијте се топла вода во која предходно сте исцедиле пола лимон
  • Пред списње: Напијте се чаша вода со една лажица Бентонит и една лажица мелено семе од лен.
  • Прв Ден: Може да јадете било кое овошје, освен банана. Се препорачува јаболки, крушки, мандарини, портокали, цитрон и киви. Овошјето, свежо или конзервирано, ќе ги осигура сите потребни нутритиенти.
  • Втор ден: Можете да јадете разни врсти на зеленчук, сирово или зготвено во количини во кои сакате. За вечера припремете еден поголом печен компир во рерна. Зеленчукот ќе ви ги даде сите потребни нутритиенти и влакната.
  • Трет ден: Можете да јадете се од овошје и зеленчук, освен банани и компири во количини во кои сакате. Немојте да се зачудите ако имате желба за храна, затоа што веќе од следниот ден таа желба ќе почне да слабее.
  • Четврти ден: Денеска можете да изедете до осум банани и да испиете три чаши млеко, а може и зеленчукова супа. Бананата служи за да се надокнадат количините на калиум и натриум кои сте ги изгубиле.
  • Петти ден: Можете да изедете 600 грама говедско месо и 6 домати. Од месото ќе го добиете железото и протеините, а од доматот витамините и влакната. Воедно зголемете го внесот на вода.
  • Шести ден: Говедско месо и зеленчук во неограничени количини.
  • Седми ден: Денеска можете да јадете , сите врсти на зеленчук и да пиете незасладени овошни сокови.

Во текот на денот испијте најмалку 10 чаши водаи две чаши билен чај(зелен чај, чај од коприва, чај од глуварче, чај од нане) без шеќер.

Кој не би смеел да ја проба диетата за детоксикација
Трудниците и доилките никако не би смееле да ја пробуваат диетата за детоксикација. Исто така диета не се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со анемија, дијабет, бубрези, штитната жлезда, карцином, одредени генетски болести, проблеми со исхрана. Сепак доколку се одлучат да  ја започнат диетата се препорачува задолжилен стручен надзор.
Мери Филиповиќ – нутриционист и стручен советник

По завршувањето на процесот на детоксикација продолжете со урамнотежена (избалансирана) исхрана. Немојте нагло да преминете на прејадување и внес на тешко сварлива храна (во тој случај ќе предизвикате потполно спротивен ефект и оптоварување на црниот дроб).

Потрудете се после детоксикацијата да не внесувате:

  • индустриски преработена и брза храна,
  • што поретко консумирајте шеќер, мајонез, кечап,
  • алкохол, цигари и
  • други нездрави намирници и газирани пијалоци.

Н: Замастен црн дроб, не боли но тивко убива

Замастен црн дроб, или, како што уште се нарекува- стеатоза е “тивка” епидемија на 21-от  век.  Секој петти возрасен човек, пати од ова метаболичко пореметување кое настанува поради прекумерно таложење на масти во црниот дроб. Причина за појава на оваа болест не е само прекумерениот внес на алкохол туку и неправилна исхрана, гојазност, пореметување на метаболизмот на шеќер во крвта и токсичните ошетувања предизвикани од внес на хемиските отрови како пестициди и адитиви. 

Познато е дека црниот дроб е најголема жлезда во човековиот организам и служи за складирање на хранливи материи и неутрализирање на штетните материи и токсини. Има многу важна улога во метаболичките процеси и затоа се нарекува “централна лабораторија” на човековиот организам. Иако црниот дроб врши преку 500 различни функции, неговата главна задача е детоксикација на организмот.
Едни од најважнте функции на црниот дроб се филтрирање и прочистување на крвта, одржување на нивото на глукоза, разградба на мастите, протеините и jаглехидратите, создавање жолчен сок, складирање на витамини и железо и продукција на витални ензими за разложување на токсините.
Поради важните процеси кои се одвиваат во црниот дроб, многумина го нарекуваат и втор мозок.

Статистичките резултати покажуваат дека главен причинител за ова заболување е гојазноста,  а на зголемен ризик се изложени и алкохоличари и особи со зголемено ниво на масти и шеќери во крвта како и оние кои земаат хепатотоксични лекови —- Ова е тоа што го викате  “под наслов” ако мислите дека се повторува немора да стои.

ОД ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ ДО ЦИРОЗА
Замастен црн дроб претходи кај 10-15% од случаевите на цироза, која може да предизвика сериозни компликации.

Стеатозата (замастен црн дроб) е првиот и најблаг степен на оштетување на црниот дроб кое настанува поради наталожување на масти во овој орган.
Зголемување на телесните масти од необјасливи причини, надуеност во стомакот, покачен крвен притисок, малаксалост или високо ниво на холестерол во крвта, се само некои од индикаторите за оптеретеност на црниот дроб и нарушен метаболизам на мастите.

Обично, оваа болест уште се нарекува и “тивка болест” бидејќи почетната фаза не е пропратена со никакви симптоми.
Доколку се занемари оваа состојба и не се третира соодветно, може да предизвика и посериозни нарушувања и компликации.

Проблемот со замастен црн дроб може да се санира по природен пат, доколку навремено се реагира, со промена на животните навики, воведување на специфичен режим на исхрана и зголемена физичка активност.