Диета или вежбање?

Диета или вежбање?

Што е поважно за согорување на калориите?

Што се тоа калории? Калоријата е мерка за енергија дефинирана како количество топлина неопходна за да се загрее 1 грам вода за 1 степен Целзиус.

6 крекери во просек тежат 20 грама, но содржат 6 грама шеќер и масти. Тие 6 грама шеќери и масти се всушност 100 калории складирана енергија кои доколку не се согорат ќе се складираат како телесна маса.

За да ја согорите енергијата во крекерите ќе треба да: пливате 15 минути; да џогирате 12 минути; да трчате спринт 8 минути. Имајте предвид дека зборуваме за просечна минутажа, бројот на согорени калории зависи од активноста што ја практикувате и нивото на интензитет со кое вежбате. Без разлика која спортска активност ја практикувате, истата може да се изведе со различни нивоа на интензитет. Ако вежбате со висок интензитет, логично, ќе согорите повеќе калории.

Телесната тежина исто така прави разлика. Колку сте потешки, толку повеќе енергија треба да потрошите за да ги согорите калориите. Маж од 190 килограми ќе ги согори просечните калории два пати побрзо од 60 килограми тешкиот човек кој ги работи истите вежби со истиот интензитет.

Проценето е дека во пола килограм (500 грама) има 3.500 калории. За да ги согори тие 500 грама, просечниот човек треба да пешачи во просек 12.5 часа. Или уште подобро, џогирајте една недела наутро по еден час. Ви стана јасно нели? Килограмите не се симнуваат лесно! Неопходно е многу вежбање за да симнете само еден килограм. Но, ако се храните здраво и вежбате редовно, нема да ви требаат ниту нутриционисти ниту тренери за да дојдете до резултатите за кои сонувате.

Најдобро време за намалување на тежината и согорување на калориите е утрото, пред појадок. Стомакот ви е празен, што значи енергијата што ќе ја користите доаѓа од масните резерви. Џогингот се смета за идеална утринска вежба, бидејќи ви треба вежба што трае (во просек час или половина), што нема премногу да ве измори, а ќе ви овозможи согорување на калориите за кус период.

Џогингот е дозволен и во друг дел од денот, како после работа или навечер пред спиење, но така ризикувате да добиете грчеви во мускулите особено ако дента не сте се хранеле правилно. Во тој случај, подобро е да кревате тегови или да практикувате аеробик пред вечерниот оброк, плус неколку вежби за абдомен – 30 минути пред спиење.

По вежбањето доаѓа исхраната. Неопходно е да го контролирате внесувањето на калориите во текот на денот. Во просек, жените дневно треба да внесуваат од 1.800 до 2.000 калории, додека мажите од 2.300 до 2.500 калории. Ова правило не важи за спортистите кои најчесто се на високо протеинска диета. Доволно е да потрошите две недели во броење калории за да добиете точна претстава колку храна/енергија ви е потребна во денот, без постојано да ги гледате етикетите на производите. Ако сакате да ја намалите тежината само преку исхрана, тогаш неопходно да скратите 300 калории во денот.

Постојат и таканаречени „crash diets“ или брзи диети што подразбираат 500 калории помалку од дневно препишаните, но во никој случај не се добра препорака. Ваквите диети имаат јо-јо ефект што значи изгубените калории инстантно се враќаат по диетата, а понекојпат и се дуплираат. Ригорозните диети го ставаат метаболизмот во мирување, телото во гладување ја складира енергијата бидејќи не добива дотур на храна, а мора некако да опстане. И тогаш кога диетата ќе заврши, телото одново ја складира целата храна за црни денови. Ако сепак се одлучите за ваква диета, за да не излезе дека залудно гладувавте, потрудете се постепено да му се вратите на нормалниот начин на исхрана, таман за организмот да се адаптира.

Вид активност Согорени калории за еден час
Спиење 55
Стоење 100
Пешачење 150
Чистење по дома 160
Садење и плевење 250
Танцување 260
Пешачење 5 км на час 280
Тенис 350
Пинг Понг 400
Возење велосипед 410
Зумба 430
Аеробик 450
Џогинг 500
Џогинг 7 км на час 530
Степ-аеробик 550
Веслање 570
Планинарење 600
Скокање на јаже 650
Дигање тегови 700
Спринт 750