Грчка салата

Грчка салата

Потребни состојки:

2 домата
1 црвена пиперка
краставица
црвен кромид
маслинки
фета сирење
маслиново масло, сол, оригано

Подготовка:
Доматите и краставицата исечкајте ги на коцки, пиперката на кругови, кромидот исто така на кругови, кои ќе ги раздвоите.
Состојките, заедно со зачините, измешајте ги во соодветен сад за салати. На крајот, додадете ги маслинките и фета сирењето на коцки или како цело парче. Прелијте со маслиново масло и насолете со оригано.