325 милиони луѓе не знаат дека се под закана на тивкиот убиец
И покрај тоа што може да се спречат, да се откријат и да се излечат, хепатитот Б и Ц се втора најсмртоносна инфективна болест. Според СЗО, од хепатит секоја година умираат повеќе од 1,3 милиони луѓе во светот, со тоа оваа болест им предничи на туберколозата, маларијата и ХИВ. За хепатит Б има вакцина, за хепатит Ц има лекови, но, сепак, превенцијата и раната детекција се клучни.
ХЕПАТИТ Ц
Хепатит Ц е вирусна инфекција која предизвикува воспаление на црниот дроб, а понекогаш е причина за негово сериозно оштетување. Вирусот на хепатит Ц (ХЦВ) се шири преку заразена крв.
До неодамна, третирањето на хепатит Ц подразбираше инјекции и орални лекови кои на многумина заразени не им одговараа поради низа други здравствени проблеми и неприфатливи нуспојави. Но, тоа се смени. Денес, хроничниот ХЦВ се лекува со орална терапија во траење од два до шест месеци.
Сепак, околу половина од луѓето со ХЦВ не знаат дека се заразени, бидејќи немаат никакви симптоми и потребни се децении за да се појават. Се проценува дека најголемата ризична група ги вклучува родените помеѓу 1945 и 1965 – генерации кои имаат 5 пати поголеми шанси да бидат заразени за разлика од оние родени во други години.
СИМПТОМИ
Долготрајната инфекција од ХЦВ се нарекува хроничен хепатит Ц. Станува збор за тивка инфекција која трае со години, сѐ додека вирусот доволно не го оштети црниот дроб за да се појават првите симптоми на заболувањето.
Листата симптоми ги вклучува следните:
- Лесно крвавење
- Модринки
- Замор
- Слаб апетит
- Жолтеникава дисколорација на кожата и на очите
- Темна боја на урината
- Чешање на кожата
- Подуеност
- Отоци во нозете
- Намалување на телесната тежина
- Збунетост, поспаност и нејасен говор
- Видливи крвни садови – пајаци на кожата
Хроничниот хепатит Ц стартува со акутна фаза. Акутниот хепатит Ц најчесто поминува недијагностициран, бидејќи ретко предизвикува симптоми. Штом симптомите настапат, тоа значи гадење, треска, повраќање, умор, болки во мускулите. Акутните симптоми се појавуваат еден до три месеци по контактот со вирусот и траат од две недели до три месеци.
Акутниот хепатит Ц не секогаш станува хроничен. Некои луѓе успеваат да го исчистат ХЦВ вирусот од своето тело по акутната фаза. Акутниот хепатит Ц добро реагира на антивирусна терапија.
ПРИЧИНИТЕЛ
Хепатитот Ц е предизвикан од хепатит Ц вирусот (ХЦВ). Инфекцијата настанува кога крвта заразена со вирусот навлегува во крвотокот на неинфицирана личност.
На глобално ниво, ХЦВ постои во неколку различни форми, познати како генотипови. Идентификувани се седум различни генотипови на ХЦВ и повеќе од 67 поттипови.
Иако хроничниот хепатит Ц го следи истиот тек како и акутниот, без разлика на генотипот на вирусот, сепак, препораките за лекување може да варираат во зависност од вирусниот генотип.
РИЗИК-ФАКТОРИ
Ризикот од хепатит Ц е зголемен доколку:
- Сте здравствен работник кој е изложен на заразена крв, но, сепак, неопходно е заразената игла да ја прободе вашата кожа
- Доколку разменувате игли при инјектирање дрога
- Сте ХИВ-позитивни
- Сте ставиле пирс или сте се тетовирале во нечисто студио каде што опремата за работа не била стелиризирана
- Вашата мајка има хепатит Ц
Вирусот не се пренесува преку бакнување, гушкање или споделување прибор за јадење.
КОМПЛИКАЦИИ
(се однесуваат и на хепатит Ц и на хепатит Б)
- Лузни на црниот дроб (цироза).По декади боледување од хепатит Ц или Б, не е исклучено создавањето лузни на црниот дроб кои ја оневозможуваат неговата функција.
- Рак на црниот дроб.Мала група на болни од хепатит Ц може да развијат и рак.
- Нефункционален црн дроб.Напредната цироза може комплетно да ја спречи работата на црниот дроб.
- Дијагностицирањето на хепатит Ц или Б може да го изведе само лекар, преку едноставна проверка на крвта.
- Ако боледувате од хепатит Ц, помогнете му на црниот дроб така што ќе избегнувате алкохол, а здравата и балансирана храна секако е пожелна.
- Од 75 до 85% од луѓето ќе заболат од хепатит Ц.
- Од 1 до 5% од болните со хепатит Ц ќе се соочат со компликации опасни по животот.
- Болеста е излечива, но 15 до 25% од луѓето ќе оздрават без лекарства.
ХЕПАТИТ Б
Хепатит Б е сериозна вирусна инфекција која го напаѓа црниот дроб, а е предизвикана од хепатит Б вирусот (ХБВ). За некои луѓе, навидум обичната инфекција, преминува во хронична болест – тоа значи дека се задржала во организмот подолго од 6 месеци. Хроничниот хепатит Б го зголемува ризикот од рак на црниот дроб, цироза и комплетна дисфункцоналност. Поголемиот број возрасни пациенти целосно закрепнуваат од болеста, дури и кога се соочени со сериозни симптоми. Новороденчињата и децата се изложени на поголем ризик да заболат од хроничен (долготраен) хепатит Б. Вакцината е одлична превентивна мерка против хепатит Б, но не делува ако сте веќе заболени. Ако сте инфицирани, со преземањето одредени мерки можете да спречите да го пренесете вирусот на другите.
СИМПТОМИ
Симптомите на хепатит Б варираат од благи до ужасни. Најчесто се појавуваат од 1 до 4 месеци по инфицирањето, иако може да се забележат и по две недели. Некои пациенти, особено децата, немаат никакви симптоми.
Листата симптоми ги вклучува следните:
- Абдоменална болка
- Темна урина
- Треска
- Болки во зглобовите
- Недостиг на апетит
- Гадење и повраќање
- Слабост и умор
- Пожолтување на кожата и белките во очите (жолтица)
КОГА ДА ПОЈДЕТЕ НА ЛЕКАР
Ако знаете дека сте биле во контакт со заболен од хепатит Б, појдете веднаш! Превентивната терапија може да го намали ризикот од инфекцијата, особено ако примите лекарства во рок од 24 часа. Ако симптомите, кои потсетуваат на грип, сепак ви сугерираат дека се работи за нешто друго – појдете и проверете.
ПРИЧИНИТЕЛИ
Хепатит Б го предизвикува хепатит Б вирусот (ХБВ). Вирусот се пренесува од човек на човек преку крв, сперма или други телесни течности. Не се пренесува преку кивање или кашлање.
Најчесто се пренесува на следниот начин:
- Сексуален контакт.Ако сте имале незаштитен сексуален однос со болно лице. Вирусот се пренесува ако на каков било начин, крвта, плунката, спермата или вагиналните секреции од инфицираниот, влезат во телото.
- Споделување игли.ХБВ лесно се шири преку користење на инфицирани игли и шприцеви.
- Ненадејно боцнување со игла.На овој ризик се изложени медицинските лица или кој било друг профил кој е во контакт со човечка крв.
- Од мајка на дете.Бременети жени кои се инфицирани со ХБВ може да им го пренесат вирусот на своите бебиња при породувањето. Но, новороденчето може да се вакцинира со цел да се спречи инфекцијата. Ако сте бремена или планирате да забремените, разговарајте со вашиот гинеколог околу тестирањето.
АКУТЕН VS. ХРОНИЧЕН ХЕПАТИТ Б
Акутната хепатит Б инфекција трае помалку од 6 месеци. Имуниот систем има моќ да го исчисти организмот од акутниот вирус, а целосното закрепнување се случува по неколку месеци. Поголемиот број луѓе кои се заразиле со хепатит Б како возрасни, всушност се соочиле со акутна инфекција.
Хроничната хепатит Б инфекција трае повеќе од 6 месеци. Нејзиниот век се продолжува поради неможноста на имуниот систем да се избори со инфекцијата. Хроничниот хепатит Б може да трае и доживотно.
Колку помлади заболите од хепатит Б – новороденчиња или деца помлади од 5 години – толку е повисок ризикот инфекцијата да стане хронична. Хроничната инфекција може да остане незабележана со декади, сѐ додека пациентот не стане сериозно болен од болест на црниот дроб.
ПРЕВЕНЦИЈА
Вакцинација! И не, не можете да добиете хепатит Б од самата вакцина. На 28 јули, заблагодарете му се на Барух Бламберг кој ја смислил вакцината, за што во 1976 година му беше доделена Нобелова награда.
- Поглемиот број возрасни закрепнуваат за 90 дена, а потоа стануваат доживотно имуниод хепатит Б.
- 90% од новороденчињата, 20% од поголемите деца и 5% од возрасните развиваат хроничен хепатит Б.