Хибискус

Хибискус
Хибискусот е една од најраспространетите  билки на земјата. Постои во повеќе бои и големини, а во Европа бил донесен во текот на 1731 година. Постојат околу 130-150 видовихинискус, меѓу кои Hibiscus syriacus, кој има ситен цвет и е најчесто користен како жива ограда, Hibiscus rosa-siensis кој е популарен како домашна билка, додека пак Hibiscus sabdariffa е видот од кој се прави познат чај од хибискус.

Многу повеќе од егзотична билка
За многумина тоа е само уште еден цвет во нивните градини.Градините во Азија се полни со цвеќиња од хибискус. Во Кина е познат како кинеска роза и представува синоним за богатство. Сепак чајот од хибискус е познат со векови како  пијалок и билка која се употребувала за лекување на многу болести

Така чајот од хибискус  бил познат и меѓу фараоните  и тој се пиел на сите големи прослави , каде што се послужувал за здравица.

Состав
Хибискусот содржи лимунска и хибискусна киселина.Од важните компоненти се вбројуваат и антиоксидансите антоцијани, флавоноиди, пектин и фитостерол. Освен тоа содржи и околу значајни количини на железо, ензими, етерични масла  како и аминокиселини важни за човековиот организам.

Лековити својства

Чајот од хибискус  е освежителен напиток со киселкаст вкус кој се должи на лимонската киселина во неговиот состав. Не содржи кофеин и теин, заради што е погоден како чај за релаксација и опуштње. Чајот од хибускус е вистинска ризница на витамин Ц и антиоксиданси па е одличн природен лек против настинка, кашлица, грип и треска.

Хибискусот има поволен ефект кога станува збор за следните симптоми : губење на апетит, запек, вознемирен стомак, задршка на течности, срцеви заболувања, намален имунитет, нервни нарушувања, несоница, површни рани.Ги ублажува грчевите во стомакот и матката, и служи како благ диуретик. Тоа е особено важно за болните од срце и бубрези, затоа што во тие органи се задржува најмногу течности. Помага при пореметена циркулација, нессоница, површински рани, го освежува здивот. Поради големата количина на флавоноиди, помага при детоскикација и го заштитува црниот дроб од отрови, го забрзува метаболизмот и ја подобрува работата на штитната жлезда. Добар е за третирање на покачен крвен притисок. Овој ефект е добро познат и поткрепен со многу научни истражувања.Шоља чај од хибискус три пати на ден може значително да помогне во стабилизирање на крвниот притисок секако без утврдени негативни ефекти. Сепак за да се постигне овој ефект потребно е чајот да се конзумира редовно во текот на неколлу недели

Едно од најпознатите својства на хибискусот е ефектот на разладување на организмот заради што е особено пошуларен напиток за летните жештини. Се користи и како спортски напиток за ублажување на шедта и за таа цел се користи разладен.

Мерки на претпазливост
Конзумирање на хибискус не се препорачува за време на бременост, поради тоа што хибискусот ја поттикнува менструацијата и може да доведе до спонтан абортус . Исто така не се знае безбедноста од користење на хибискусот за време на доењето, па поради тоа не се препорачува да се конзумира за време на доење.

Хибискусот не треба да се употребува заедно за парацетамолот (ацетаминофенот), поради тоа што го намалува неговиот ефект.

 Чај од хибискус :
Една чајна лажица од сув цвет од хибискус прелијте со  200 мл врела вода. Оставете да отстои 15 тина минитуии и процедете.По желба додадете мед и цеден лимон. Промешајте и уживајте.

Ладен чај
3 шољи чај од хибискус,  1 шоља сок од портокал и ¼ сок од лимета. Промешајте ги состојките, по желба нарендајте малку ѓумбир и послужете со коцки мраз.