Индискиот орев потекнува од Бразил, но денес најмногу се произведува во Индија, поради што се познати како „индиски“ ореви.
Индискиот орев не е јатка туку семка од плод. Како намирница, познат е во целиот свет поради неговиот вкус и поради здравствените придобивки. За разлика од други јатки, индискиот орев е мек и со благ вкус. Освен во десертите, дава одличен вкус и на солените јадења , разни салати и додатоци. Кај нас е популарен и како „грицка“, но земен во солена и пржена форма не дава многу хранливи материи. Најдобро е да се консумира суров, сварен во млеко или лесно пропржен. Од индискиот орев можете да подготвите вегетаријански мајонез, кој е поздрав од индустрискиот мајонез. Содржи калиум, па е идеален за лица кои имаат покачен крвен притисок. Индиските оревчиња содржат цинк, кои го зајакнуваат имуниот систем и помагаат во борбата против инфекциите. Содржат високи количества магнезиум, кој е неопходен за здравјето на срцето, на мускулите и на нервниот систем.