Која е разликата помеѓу…

Која е разликата помеѓу…

Навидум истите производи кои ги гледате во маркетите, кријат клучни разлики важни за вашето здравје

Црно грозје vs. бело грозје

Лушпата на црното грозје изобилува со феноли, антиоксиданти кои ги уништуваат штетните слободни радикали во организмот предизвикувачи на тумор. Тие ги чуваат крвните садови од атеросклероза и на тој начин го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Белото грозје има многу слична енергетска вредност како и црното, но содржи помалку калиум и калциум и е посиромашно со феноли.

Безмасен јогурт vs. jогурт со висока масленост

И двата содржат калциум, витамин Д, витамин А кои ги одржуваат коските цврсти. Но, незаситените масти во обичниот јогурт во комбинација со друга масна храна може да доведат до запушување на артериите, покачување на телесната тежина и холестеролот. Три оброка на база на безмасен јогурт значи губење 25 % повеќе тежина и 60 % повеќе телесна маса. Лицата кои пијат јогурт губат 81 % повеќе масти од стомакот.

Бел леб vs. црн леб

Сите хранливи состојки во пченицата се наоѓаат во обвивката и во никулецот. Во белото брашно тие се отстранети и тоа го содржи само средишниот дел од зрното, односно само скробот, што не е случај со црното брашно. Црниот леб содржи повеќе растителни влакна, калциум, магнезиум за разлика од белиот. Влакната кои ги има во јачменот и зобот ја намалуваат количината на инсулин и лошиот холестерол.

Црни маслинки vs. зелени маслинки

Нутритивниот состав на зелените и црните маслинки е речиси идентичен, најголемата нутритивна разлика е во застапеноста на натриумот – зелените маслинки содржат скоро 2 пати повеќе натриум за разлика од црните. Пет црни маслинки содржат од 115 до 125 мг натриум или 8 % од препорачаната доза. Исто толку зелени маслинки содржат 218 до 360 мг натриум или 14 до 24 % од препорачаната доза.

Бел грав vs. црвен гравгрозје

Гравот е зеленчук со идеален нутритивен состав, бидејќи содржи белковини кои ги содржат сите потребни аминокиселини. Тој го намалува ризикот од појава на рак на дојка и го намалува растот на туморот. Делува лековито и при рак на дебело црево и рак на простата. Но, црвениот грав содржи речиси 10 пати повеќе железо, витамин Е и фолна киселина, 6 пати повеќе калиум и 4 пати повеќе калциум.