Која сум сега? Новиот идентитет наречен „МАЈКА“

Која сум сега? Новиот идентитет наречен „МАЈКА“

Речиси 90% од жените во животот ќе станат мајки. Навидум вообичаениот чин драматично го менува женското тело, здравјето и мозокот. Ако се задржиме на мозокот, несомнено мајките се препуштени сами на себе во навигацијата со најдлабоките психички промени што може да ги искуси една жена. Речиси три четвртини од мајките велат дека општеството ниту ги разбира, ниту ги поддржува. Една од можните причини за ваквиот исход? Митот кој вели дека мајчинството е инстинкт што се раѓа природно. А, реалноста гласи: сеизмичка промена на идентитетот која е застрашувачка и горчлива. Ретко се зборува за оваа сензација, советите во прилог се на психијатарите Александра СаксиКетрин Бирндорф, автори на „What No One Tells You: A Guide to Your Emotions from Pregnancy to Motherhood“.

На што се должи новиот идентитет?

Периодот кога девојчето станува жена се нарекува пубертет и таа промена е легитимна, нели? По оваа аналогија и станувањето мајка е легитимна, на моменти луда, промена придружена со низа хормонски осцилации. Од живот во кој жената се фокусирала на себе, таа се буди во живот во кој е одговорна и комплетно заљубена во малечкото суштество кое го диктира нејзинот живот.

Што е најважно жените да си признаат?

Декасекоја нова мајка покажува доза амбивалентност во однос на новата улога. Тоа се оние моменти кога жените гопосакуваатстариот живот или моментите на криза кога се каат што одлучиле да родат дете. Не плашете се да ги признаете ваквите мисли, сѐ е во ред со вас! Многу е важно да се зборува за овиенормални емоции без кои не поминува мајчинството.

Што треба да направат жените за одново да се пронајдат себеси?

На лист хартија, запишете сѐ што ви причинуваше задоволство пред да станете мајки– она што го одржуваше балансот помеѓу вашиот приватен живот и обврските. Направете листа од омилените активности и закачете ја на видно место во домот. Таа ќе ви биде одличен потсетник за тоа што недостасува во вашето секојдневие. Не форсирајте се, една по една.

Зошто сум расеана и заборавена мајка?

Откако научниците ги скенирале мозоците на мајките, констатирале дека тие имаат помалку сива маса. Но, тоа е добро за мајките! „Станува збор за рационализација и реорганизирање кое им помага да ги присвојат дополнителните вештини и внимание неопходни за да се грижат за бебето“, вели д-р Кели Ламберт, професор по бихејвиористичка невронаука на универзитетот „Ричмонд“.

  • НАГЛАСЕНА ЕМПАТИЈА – Мајките сочувствуваат со своето и со туѓите деца дури и при епските тантруми, изливи на бес и разгаленост, бидејќи кај нив се зголемува делот до мозокот кој ги регистрира туѓите емоции.
  • ОСТРА МЕМОРИЈА – Промените во хипокампусот ја подобруваат меморијата, но ова важи само за информациите (дури и неважни) поврзани со децата.
  • ЧАДОР ПРОТИВ СТРЕС – Мозочните промени ги прават мајките посмирени – прелиминарните студии покажуваат дека помали се шансите да експлодираат при тензични ситуации, што не било случај претходно.
  • МУЛТИТАСКИНГ СПОСОБНОСТИ – Кај мајките се забележува покачена активност кај префорталниот кортекс, делот од мозокот одговорен за носење одлуки. Брзото размислување е од голема помош при жонглирањето со многуте задачи на мајчинството.