- 3 јајца
- 1 шолја(од200мл) шеќер
- 1 шолја млеко
- ½ шолја масло
- 1 шолја пченичен гриз
- 1 шолја мелени ореви
- 1 кесичка прашок за пециво
- 2 шолји рендани јаболка
- 100 г суво грозје
За чоколаден прелив:
- 80 мл млеко
- 80 г путер
- 3 лажички шеќер
- 100 г чоколада за готвење
Подготовка
Изматете ги белките со шеќерот, додадете ги жолчките, па млекото, оревите, гризот, прашокот за пециво, ренданите јаболка и сувото грозје. Измешајте убаво и
ставете во тавче (25x35cm), подмачкано или обложено со хартија за печење. Печете околу половина час во рерна загреана на 180°C.За преливот – загрејте
го млекото со шеќерот, додадете го путерот и чоколадата и мешајте сè додека не се растопи. Со подготвената смеса прелијте го колачот.
Исечете на коцки, оставете да се излади и послужете.