КОЛАЧ СО ЈАБОЛКО И ОРЕВИ

КОЛАЧ СО ЈАБОЛКО И ОРЕВИ
  • 3 јајца
  • 1 шолја(од200мл) шеќер
  • 1 шолја млеко
  • ½ шолја масло
  • 1 шолја пченичен гриз
  • 1 шолја мелени ореви
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 2 шолји рендани јаболка
  • 100 г суво грозје

За чоколаден прелив:

  • 80 мл млеко
  • 80 г путер
  • 3 лажички шеќер
  • 100 г чоколада за готвење

Подготовка

Изматете ги белките со шеќерот, додадете ги жолчките, па млекото, оревите, гризот, прашокот за пециво, ренданите јаболка и сувото грозје. Измешајте убаво и
ставете во тавче (25x35cm), подмачкано или обложено со хартија за печење. Печете околу половина час во рерна загреана на 180°C.За преливот – загрејте
го млекото со шеќерот, додадете го путерот и чоколадата и мешајте сè додека не се растопи. Со подготвената смеса прелијте го колачот.
Исечете на коцки, оставете да се излади и послужете.