Компир печен со сино сирење

Компир печен со сино сирење

Состојки
800 г компири
150 г сино сирење
150 мл павлака за готвење
100 мл млеко
50 г путер
зачини по желба

Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Компирите исечкајте ги на тенки кругови. Во сад изгмечете го сирењето и додајте го млекото. Додадете ги и зачините. Во тава за печење претходно намачкана со путер, ставете еден ред од компирите, па одозгора ставете од сирењето, и така додека да ги потрошите состојките. Ставете ги да се печат околу 30 минути, па потоа полијте со павлаката и вратете ја во рерна уште 30 минути. Да се послужи топло.