КУГЛАЊЕ – Спорт и рекреација за сите од 7 до 77

КУГЛАЊЕ – Спорт и рекреација за сите од 7 до 77

Куглањето слично како пешачењето е анаеробна активност. Наменето за сите без ограничување на годините и полот. Погодно е за поединци, како и за групи. Може да биде идеално за активна семејна забава.

Моќна социјална алатка

Освен подобрување на здравјето и подобра телесна подготвеност, оваа физичка активност има изразени социјални придобивки, носи нови пријателства и дружења, поттикнува и учи на подобра социјализација, го развива тимскиот дух и е идеална за семејно дружење и забава. Куглањето е еден од ретките спортови во кој може да учествуваатсите од 7 до 77 години.

Децата и куглањето

Куглањето несомнено е спорт во кој децата може да бидат максимално вклучени во играта. За разлика од многуте актуелни спортови како фудбал или кошарка каде децата можат да абсорбираат доза на агресија, незадоволство или инфериорност, куглањето нуди целосна слобода и учество  на детето без никакви ограничувања. Учеството на целото семејсто може да биде дополнителен мотив за целосно уживање.

Забава за добро расположение

Недостатокот од физичка активност комбинирана со  динамиката на урбаниот живот, афинитетите кон брзата храна, се идеални предуслови за кумулација на стрес и манифестација на емотивен и физички дискомфорт. Анксиозост, депресија, зголемена телесна тежина…. Изборот на куглањето, како забава и рекреација, значителноможе да помогне  да го подобрите вашиот социјален, емотивен  живот, како и да го подобрите квалитетот на телесното здравје.  Куглањето е друштвен спорт,  па дружењето е неизбежно. Ова е посебно корисно за лицата кои живеат сами и за лицата кои се занимавват со стресни професии.
Многу често куглањето е антистрес забава за колеги чиј рабтоен ден завршува со партија опуштено куглање.

Корисен совет

Како и кај секој спорт и во куглањето се можни повреди. кратко загревање со лесни кружни движења на рацете и зглобовите  пред почеток на партијата куглање ќе помогнат да се избегнат евентуални повреди