Лекови и храна – Како правилно да ги консумирате?

Лекови и храна – Како правилно да ги консумирате?

Истовремената употреба на храна и лек може да предизвика и негативни и позитивни последици при делувањето на лекарствата. Намалувањето на терапевтскиот ефект и зголемувањето на степенот на штетност на лекот се некои од негативните ефекти. Сепак, при употребата на одредени лекови, истовременото консу- мирање храна дури и се препорачува, би- дејќи тоа може да ги намали несаканите дејства од терапијата или да го интензи- вира делувањето на лековите.

Лековите и храната меѓу- себно можат значително да влијаат. Храната може да го промени дејството на лекот, и об- ратно, лекот може да го промени искористувањето на храната во организмот. Негативните ефекти кои најчесто можат да се појават при истовремената употреба на храната и лековите се намалу- вање на терапевтскиот ефект или зголемување на штетноста на лекот. Сепак, истовремената упот- реба на некои лекови со храна може да има и позитивно влијание. Таа може да ги намали несаканите дејства на лекот или да го подобри неговото делување. Прашањето кое најчесто му се поставува на фармацевтот е кога да се земе лекот, пред или по јадењето. Исто така, помалку е познато дека при земањето на некои ле- кови треба да се внимава на из- борот на храната.

ФАКТОРИ ОД КОИ ЗАВИСИ МЕЃУСЕБНОТО ДЕЈСТВО ЛЕК – ХРАНА
Ефектите од меѓусебните влијанија на храната и лековите можат да бидат различни. Тие зависат од многу фактори, а некои од нив се исхранетоста, возраста, полот, ге- нетските фактори, употребата на алкохол, пушењето. Меѓусебното влијание на леко- вите и храната е поизразено кај одредени групи пациенти: децата, младите, повозрасните, хронично болните, неисхранетите или кај лицата со прекумерна те- лесна тежина. Повозрасната популација е посебно загрозена, со оглед на тоа што не- ретко зема повеќе пропишани лекови, но и заради честото користење лекови кои можат да се издаваат и без рецепт. Последиците од ваквиот однос кон лековите можат да бидат намалена работа на црниот дроб и на бубрезите. Тоа пак предизви- кува и послаба елиминација на лековите од организмот. Затоа, ако ви е пропишана одредена терапија со лекови, внимавајте на изборот на храната и времето кога ќе го земате лекот.

Неупатеноста може да доведе до несакани последици
Земањето тетрациклински анти- биотици заедно со млеко и млечни производи кои содржат калциум може да предизвика компликации. Калциумот и анти- биотикот формираат комплексно соединение кое се таложи во кос- ките и во забите. Со тоа се губи и дејството на антибиотикот. Оваа појава може да се избегне ако ги земате лековите час-два пред и по земање на млеко и млечни про- изводи. Земањето цитрон или портокал истовремено со лекови за намалување на маснотиите во крвта (статини), предизвикува аку- мулирање на лекот во телото и тоа може да доведе до штетни по- следици по здравјето.
Терапевтското делување на лекот може да биде забавено или за- брзано во зависност од храната што сме ја консумирале.
Консумирањето зеленчук богат со растителни влакна го забавува де- лувањето на повеќето лекови, како што се пеницилинските анти- биотици, дигоксинот (еден од ле- ковите за срцеви болести) и ацетаминофенот (лек што се упот- ребува против болки и повишена температура).
Многу лекови можат да го нама- лат апетитот. Нивната долготрајна употреба може да биде причина за неисхранетост. Таков е случајот со некои антидепресиви. Од друга страна, лековите за спречување алергиски реакции (антихистаминици) и лековите против воспаленија (стероиди) го зголемуваат апетитот. Употребата на одредени лекови подолг пе- риод кај голем број пациенти може да предизвика зголемена телесна тежина.

Кога се земаат лековите?
За повеќето лекови се препора- чува да се земаат на празен сто- мак или меѓу оброци. Храната го забавува празнењето на желудни- кот. Затоа доаѓа до разлика во брзината на делување, интензите- тот и должината на траењето на терапевтскиот ефект.
Земањето лекови на празен же- лудник е важно кога е потребно да се постигне брз терапевтски ефект. Така, се земаат лековите против болка, главоболка, забо- болка, менструални болки, лекови за намалување на телесната тем- пература, лековите за ублажу- вање на симптомите на настинка и грип, лековите за ублажување на проблемите со повраќање, про- лив, запек, киселини. Јасно е дека овие лекови се земаат по потреба, односно толку долго колку што налагаат симптомите.
Некои лекови се препорачува да се земаат по јадење, зашто со тоа се зголемува нивната апсорпција или се постигнува подобра подносли- вост. Така се земаат лековите про- тив болки при мускулно-скелетни заболувања и други хронични сос- тојби на болка, некои лекови про- тив воспаленија, зашто тие предизвикуваат стомачни тегоби, го подигнуваат нивото на липиди во крвта, го стимулираат апетитот и можат да доведат до зголему- вање на телесната тежина.

Општи правила при земањето лекови
За да го постигнат потребниот ефект, лековите треба да се зе- маат редовно, на правилен начин и доволно долго, со соодветен режим на исхрана и здрав начин на живеење.
Кога треба да ги земате леко- вите на празен желудник, пра- вете го тоа еден час пред јадење или два часа по оброк, со полна чаша вода. Избегнувајте земање витамини или минерали во исто време кога го земате лекот. Не голтајте ги лековите со топол пијалак или помешани во него Не мешајте ги лековите со храна.
Не растворајте ги капсулите и не мешајте ја нивната содржина со храна или со пијалаци. Никогаш не земајте лекови со алкохолни пијалаци. Прочитајте ги сите упатства и предупредувања кои доаѓаат со лекот.
Кога земате средства за намалу- вање на температурата, важно е да пиете многу течности. Предност треба да се даде на млаките овошни чаеви, соковите и на ми- нералната вода. Доколку, пак, ви се препишани антибиотици за време на терапијата, а особено по завршување на терапијата, земете и пробиотици. Вашиот фармацевт најмногу може да ви помогне до- колку имате дилема дали при зе- мање на вашата терапија треба да внимавате на некоја храна.