МАСЛИНКА

МАСЛИНКА
Маслиновото дрво е можеби едно од најстарите растенија познати на човекот.

И ден-денес се одгледува и плодот има непроценлива примена во човековото живеење, општо. Познати се повеќе од 70 видови маслинови плодови различни по боја, форма и големина, но сите подеднакво корисни за здравјето и исхраната.

Нутриционистички гледано, маслинката е исклучително богата со хранливи елементи и, пред сè, антиоксиданти. Тука се надополнуваат и растителните влакна, витамините А, Ц, Д ,Е, К, монозаситените масти, омега 3 масните киселини, флавоноидите… Интересен е податокот дека во маслинката може да се најде ибупруфен – противвоспалителен лек со широка медицинска примена. Листата на здравствени ефекти е исклучително долга и несомнено редовната употреба во исхраната е вистински благодат за целокупното здравје.