Медицински иновации – Гел што ја обновува глeѓта на забите

Медицински иновации – Гел што ја обновува глeѓта на забите

Кинеските научници се надеваат дека со новокреираниот гел ќе можат да ја пресоздадат глеѓта на забите без да користат пломби кои содржат тотално различни материјали, и ако сѐ оди добро, да започнат испитувања кај луѓе во наредните неколку години. Луѓето имаат два комплета заби во текот на животот, бебешките заби и постојаните „возрасни“ заби. Забите се најцврститекоски во организмот, но расипувањето на забите и киселините кои ги внесуваме преку храната и пијалаците доведуваат до губење на забната глеѓ, која е всушност минерализирана супстанција што ја штити нивната површина.

Кога ја создаваат глеѓта, клетките што го произведуваат т.н. емајл умираат веднаш, а потоа, во текот на животот, поради сѐ што внесуваме, таа еродира, се раскинува или се рони и никогаш повеќе не може да се регенерира.
Сепак, кинеските научници создадоа течен раствор кој може да ја врати тешката надворешна површина на оштетената глеѓ на забот со помош на материјал што го имитира процесот на природна минерализација на заштитниот надворешен слој на забите. Овој нов гел, всушност ја предизвикува глеѓта самата да се „поправи“, односно да се обнови, така што методот го реплицира процесот на биоминерализација при што клетките познати како амелобласти ослободуваат протеини кои на крајот стануваат глеѓ. Сепак, амелобластите се присутни само за време на развојот на забите, така што нашите зрели заби немаат природна можност за самопоправање откако ќе се формираат.
Имено, истражувачите од Медицинскиот факултет на Универзитетот Жejеџијанг во Кина ги комбинираа двата минерала од кои се состои глеѓта, калциум и фосфат, и развија алкохолен раствор од органското соединение триметиламин. Новата техника бара нов вид на јони – честички на калциум фосфат (CPIC), со големина на дијаметарот од само 1,5 нанометар. Малите честички подоцна се стабилизирале во раствор со етанол со хемикалија наречена триетиламин, што ги спречува да се натрупуваат заедно.

Кога истражувачите го применувале геловидниот материјал на човечки заби донирани од пациенти, во симулирана околина слична на човечката уста, ултра малите честички успешно се спојувале во структурата слична на природната глеѓ, реплицирајќи ја облогата на забот со различен и подеднакво цврст поправен слој, кој се развива до дебелина до 2,8 микрометри во рок од 48 часа. Сложената, кристална природа на глеѓта била причина за бројни пропаднати обиди, па затоа оваа техника се претставува најава за своевидна револуција во стоматологијата.

На глобално ниво, стоматолошката заедница е многу возбудена од ова истражување. Досегашните производи кои препорачуваат стоматолозите ја санираат глеѓта, но не се во можност да ја повратат сложената кристална структура за да пресоздадат бисерно бел слој на забите. Истражувачите објаснија дека нивниот научно создаден материјал составен од јони на калциум фосфатни честички може да се користи како основен слој кој ќе го поттикне епитаксиалниот раст на кристалната глеѓ, кој ја имитира биоминерализацијата на кристално-аморфната обвивка која ќе предизвика развој на природно тврдо ткиво.

Исто така, според научникот Жаоминг Лиу, коавтор на студијата, новорегенерираната глеѓ има иста структура и слични механички својства како природната. Сепак, бидејќи студијата се спроведувала само на извадени заби, тимот на истражувачи планира да го тестира нивниот метод на глувци, а наскоро потоа и на луѓе. Тие се надеваат дека ќе можат да ја пресоздадат глеѓта на забите без да користат пломби кои содржат тотално различни материјали, и ако сѐ оди добро, да започнат испитувања кај луѓе во наредните неколку години.

Значењето на новата техника е тоа што потенцијално може да ги санира расипаните заби и да спречи расипување на забите засекогаш!

Експертите веруваат дека може да поминат неколку години пред овој материјал да се најде во клиничка употреба кај локални стоматолози, под услов идните тестови да укажат дека е безбеден и ефикасен. Затоа, Чен Хаифенг, вонреден професор на одделот за биомедицинско инженерство на Универзитетот во Пекинг, советува дека сè додека не се тестира новиот материјал, ние сè уште треба да бидеме внимателни во врска со нашето здравје на забите. Тој додава дека никогаш не треба да чекаме да се направи штетата, бидејќи превенцијата е најдобриот пристап. Научникот од Пекинг препорачува: „Нашите заби се чудо од природата. Вештачката замена никогаш нема да ја заврши работата“.