МЕДИЦИНСКИ ЈАГЛЕН – Задолжителен во домашната аптека

МЕДИЦИНСКИ ЈАГЛЕН  – Задолжителен во домашната аптека
Активниот јаглен познат уште и како медицински јаглен (carbo medicinalis)  е црн, без  вкус и мирис и е добиен на посебен начин со горење на природните состојки на високи температури во присуство на гас. Претставува мултикорисна  компонента  од природно потекло, со долга и разновидна историја на лековити и практични намени

Што е  медицинскиот  активен јаглен и како делува?


Старите Египќани го користеле уште пред 3750 години пред Христос, кога случајно откриле дека спречува труења. Тие го користеле како еден вид конзерванс, додека Хипократ во користел во медицински цели во стара Грција. Примарната улога  на медицинскиот јаглен е апсорпција на токсини. Се карактеризира со многубројни пори на својата површина,  кој всушнст помагаат во “фаќањето” на токсините и  во спречувањето на нивна апсорпција и ширење во организмот. Медицинскиот јаглен не ги впива или разградува овие заробени токсини, туку на некој начин ги “лепи” за својата површина и заедно со него, ги исфрла од организмот

Медицинскиот јаглен апсорбира речиси се од желудникот и цревата. Неселективно за се  врзува голем број на отрови , микроорганизи и лекови. Истовремено не се ресорбира и не се метаболизира и се излачува од организмот заедно со супстанците кој ги врзал за својата структура

Употреба
Освен што е безбеден и ефикасен при труења, детоксикација и чистење на организмот, активниот јаглен има и низа други поволни ефекти како што се отстранувањето на непријатните мириси и дезинфекција. Медицинскиот активен јаглен најчесто се користи и во следните случаи:

Активен јаглен за стомак и пролив

Може да се користи како број еден избор при состојби на пролив. Помага на тој начин што ги врзува присутните токсини, вируси и бактерии, го спречува  нивното ширење и помага во нивна побрза елиминација. При состојби на пролив се советува да не се користи повече од 4 дена а за детоксикација  може да се користи и фо 7 дена. Применет на краток временски период е сосема безбеден па се препорачува за употреба и кај деца.

Против гасови и надуеност
Една од употребите на активниот јаглен за стомак која често се занемарува е отстранување на непријатни гасови и надуеност. Делува на начин што јагленот ги врзува нуспроизводите на храната кои предизвикуваат гасови и непријатност.

Труења со храна и лекови
Од особена корист и прва пош е употребата на медицинскиот јаглен при акутни состојби на труње со лекови, отрови или хтрана ( аналгетици, антидепресиви, хипнотици, никотин…). Во вакви случаи доколку е можно потребно е јагленот  да се земе во рок од 30 минути од примената на лекот/отровот.

Детоксикација на организмот


Факторите од шивотната средина, разните хемикалии и пестициди внесени реку храната и водата се товар за нашиот оргаизам. Ова дополнително води до појава на алергиски реакции, оксидативен стрес и лошо финкционирање на имунолошкиот систем.  Активниот јаглен може многу да помогне во  унапредување на здравјето на дигестивниот тракт преку отстранување на токсините од системот а со тоа индиректно и за целокупното телсно и ментално здравје.

Белеење на забите Активниот јаглен за избелување на заби позитивно влијае на оралното здравје и промената на  pH балансот во устата, што спречува настанување на кариес, лош здив, и заболувања на непцата. Избелувањето на забите со активен јаглен е можно поради неговата способност за абсорбирање на плак и микроскопски честички кои формираат дамки на забите.  Избелувањето на забите со активен јаглен е потполно природен начин за бела насмевка. Се што треба  е да измешате активен јаглен во прав со паста за заби и да ги измиете забите на вообичаениот начин  со посебно внимание на местата кои имаат најмногу флеки. Исперете ја устата убаво.  Важно: доколку имате коронки или порцелански навлаки активниот јаглен може да ги исфлека. Доколку забите ви постанат чувствителни, престанете да користите активен јаглен за нивно обелување.

 

Го намалува холестеролот

Голем број истражувања докажуваат дека активниот јаглен го намалува лошиот холестерол и го зголемува нивото на добриот холестерол подеднакво добро како и лековите.

Лекува труење со алкохол и спречува мамурлук
Иако активниот јаглен не го впива алкохолот, помага во брзо отстранување на другите токсини кои придонесуваат за труење и затоа е добар против мамурлук.

Филтрирање на вода
Активниот јаглен е вистинска стапица за нечистотии во вода, вклучувајќи растворувачи, пестициди, индустриски отпад и други хемикалии. Ова е причината за неговата масовна употреба  во системи за филтрирање на вода низ целиот свет.

На што да се обрне вниание
Бидејќи јагленот е моќен абсорбент, важно е да се чува одвоено од супстанции кои можат да ослободат пареа или гасови во атмосферата. Од истата причина, кога се користи истовремено со други лекови, ја намалува нивната апсорпција од гастроинтестиналниот тракт, со што значително ја намалува нивната ефикасност. Затоа, интервалот на употреба со другите препарати треба да е најмалку 1,5 час. Долготрајна употреба на повисоки дози може да ја наруши апсорпцијата на хранливи материи од гастроинтестиналниот тракт како и да предизвика проблеми со варењето на храната.