Минерали во траги

Минерали во траги

За разлика од витамините, минералите се неоргански компоненти кои не се уништуваат при готвење. Макроминералите се неопходни во големи количества, околу 100 мг дневно, додека минералите во траги се неопходни во многу мали дози, честопати и помалку од 1 мг дневно. Овој пат фокусот го ставаме на вторите, бидејќи сѐ поголем е бројот на луѓе кои не ја внесуваат и онака малата доза. Според експертите, ова се должи на новите трендови во исхраната како избегнување на млеко или месо. Хроничен умор, когнитивно опаѓање, депресија – се само дел од симптомите предизвикани поради дефицит на минералите во траги.

ЈОД –  Менаџер на тироидната жлезда

Семоќен минерал, клучен за невролошки развиток и нормално функционирање на тироидната жлезда. Без него, активниот тироиден хормон, тријодотиронин (кој е вклучен во метаболизмот, срцевите и дигестивните функции, мускулната контрола, коскеното одржување и мозочниот развој) нема да постои. Истражувањата покажуваат дека на луѓето им недостасува јод во исхраната, дел од вината се должи на млекото од растително потекло кое содржи само 2% од јодовата концетрација присутна во кравјото млеко.
Каде го има? Во бело месо од риба и во млечни производи. Зачинувањето на храната со јодирана сол е одличен начин за да ги задоволите потребите.
Доза? Целете на 0,14 мг дневно. Преголемите дози на долг рок може да имаат спротивен ефект врз тироидната функција. 200 мл млеко обезбедува 0,05-0,1 мг, а 100 г бакалар ќе ви обезбеди 0,19 милиграми јод. Во однос на суплементи, најдобра опција се мултивитамините кои содржат калиум јодид или натриум јодид.

БАКАР – Согорувач на масти

Според истражувањето објавено во „Nature Chemical Body“, бакарот е неопходен за преработка на мастите. Во студијата од 2016 година, истражувачите откриле дека колку повеќе бакар имале испитаниците во нивниот организам, толку повеќе масти биле разградени – сѐ уште не е јасно на што се должи ова. Исто така, докажано е дека минералот ја поттикнува мозочната работа; дефицитот на бакар се поврзува со Алцхајмер.
Каде го има? Во сончогледот, индиските ореви, зелените маслинки и во морските плодови.
Доза? Целете на 1,2 мг дневно – 30 г индиски ореви и сте завршиле работа. Имајте на ум, големите дози може да предизвикаат стомачни болки, лошење, дијареја. Ако тие се задржат подолг период во организмот, може да ги оштетат црниот дроб и бубрезите.

СЕЛЕН – Чувар на имунитетот

Ако често настинувате или се обидувате да забремените, тогаш обратете се кај овој минерал. Селенот го поттикнува имунитетот и е клучен играч во процесот на формирање јајце клетки и фертилизација. Истражувањата велат дека 47% од жените слабо внесуваат селен.
Каде го има? Бразилски ореви и јајца.
Доза? Во просек околу 0,06 мг дневно (0,075 мг ако доите), доза што ќе ја постигнете консумирајќи три бразилски ореви неделно (не дневно, како што многумина мислат). Бидете внимателни, преголемите дози водат до селенско труење, симптоми кои вклучуваат опаѓање на коса и дисколорации на кожата и на ноктите.

МОЛИБДЕН – Штит на црниот дроб

Минерал кој ќе ви се најде во моментите дозирани со многу алкохол. Алкохолот содржи сулфати кои го нагризуваат организмот. Молибденот е поддршка за ензимот наречен сулфит оксидаза, кој е клучен за конверзија на токсичните сулфити во поинертни сулфити, кои потоа телото ќе ги исфрли преку урината.
Каде го има? Растенијата кои растат над земја содржат поголеми дози во однос на оние кои растат под земја. Карфиол, компири, овес, грав.
Доза? 0,065 мг, до кои ќе стигнете преку 100 г порција компири.


МАНГАН – Превенција од остеопороза

Есенцијален за здрави коски, а според студиите спроведени од „Универзитетот на Калифорнија“, го забавува процесот на намалување на коскената маса (кој стартува во 30-тите) кога се консумира во комбинација со калциум, цинк и со бакар. Манганот го активира ензимот гликозил-гидролаза, ензим неопходен за формирањепротеогликани молекули присутни во‘рскавицата.

 

Каде го има? Чајот е наједноставен извор, но ако не сте љубител на билките, тогаш јадете овесна каша со цимет исо каранфилче.
Доза? Целете на 3 мг дневно. Една или две шолји чај се сосем доволни.