Нега на лице: грешки што сите ги правиме

Нега на лице: грешки што сите ги правиме

Пред да се пожалите дека скапиот крем за лице што го купивте не вреди ниту денар, запрашајте се дали можеби сами ги саботиравте резултатите? Да се потсетиме, трпението е клучен фактор, но целиот животен стил игра голема улога во тоа колку производите ќе го испорачаат ветеното.

Не спиете доволно

Недостигот на сон предизвикува хаос во целиот организам, но се чини дека негативните нуспојави се највидливи на кожата. Бидејќи кожата се регенерира додека спиеме, помалку часови подразбираат покуса поправка, а тоа резултира со уморен и стар изглед. Спиењето помалку од осум часа во континуитет, несомнено ќе доведе до појава на митесери, сувост и воспаленија.

Нанесувате премногу производи на лицето

Преголемото изложување на различни агресивни супстанции честопати резултира со иритации и црвенило. Ако имате потреба истовремено да третирате повеќе проблеми на кожата, а тогаш е неизбежно да нанесувате повеќе производи, погрижете се барем дел да бидат од органско потекло.

Ја прескокнувате регијата околу очите

Упатството за употреба кај речиси сите производи гласи: избегнувајте ја нежната и деликатна регија околу очите. Но, неопходно е и да набавите лесен хидратантен крем за околу очи, бидејќи тие први ги издаваат годините.

Си легнувате со шминка

Сите некогаш сме легнале без да ја извадиме шминката, но важно е да не ви стане навика. Шминката буквално го блокира процесот на регенерација што се случува во текот на ноќта. Резултат? Затнати пори и забрзано стареење.

Не внимавате на исхраната

Процесираната храна оптоварена со заситени масти, рафинирани шеќери, вештачки вкусови и сол, се директен причинител на митесери и акни. Повремено, дозволувајте си по некој вкусен грев, но за здрава кожа форсирајте витамини, минерали и здрави масти.