Огрозд

Огрозд

Малечко овошје со безброј полезни својства за здравјето! Во црна, црвена или бела боја, налик грозје, огроздот содржи многу малку калории и масти. Изобилува со бакар, магнезиум, натриум и витамини Ц, Б5 и Б6. Со само 150г огрозд во денот, човекот задоволува речиси 26% од препорачаниот дневен внес на растителни влакна. Ги содржи и двата типа влакна, растворливи и нерастворлливи, па затоа го подобрува варењето на храната и го продолжува чувството на ситост.

Огроздот, познат и како цариградско грозје, фасцинира со изобилство на антиоксиданти, како што се фитонутриентите и витамините Е и Ц, кои го штитат мозокот , го забавуваат стареењето и превенираат дијабетес тип 2, рак и срцеви заболувања. Се верува дека ломонската киселина и фенолите што ги содржи го намалуваат ризикот од мозочни заболувања, како мозочен удар и Алцхајмер.

Некои истражувања покажуваат дека хлорогената киселина што ја содржи, ја забавува или спречува апсорпцијата на шеќер во крвотокот. Сепак, потребни се уште докази за да се види колку овој плод може да помогне во одржувањето на стабилно ниво на шеќер во крвта.