Овошје |
Јатки |
|
Бројот на калории во 100 г боровинки е 57. Плус, имаат низок гликемиски индекс и делуваат превентивно од Алцхајмер. |
VS |
34 % помал ризик од кардиоваскуларни заболувања обезбедуваат кикириките (или путерот од кикирики) ако ги јадете секој ден.
|
Консумирањето жолто или портокалово овошје секојдневно двојно го намалува ризикот од рак на мочниот меур, бидејќи тие значително го зголемуваат внесот на витамините А, Ц и Е.
|
Што вели науката? |
Чинот на ослободување на плодот од јатките како ф’стаци го срушува безумното грицкање, редуцирајќи го внесот на калории за 59 %. Запомнете, најпожелни се суровите варијанти за да ја избегнете додадената сол.
|
Кога го консумираме цело, овошјето доаѓа спакувано со растителни влакна кои го забавуваат ослободувањето на шеќер во крвта и спречуваат скокови во нивоата – се поврзуваат со зголемување на ризикот од дијабетес тип 2. |
Доброто кај нив |
Полинезаситените и монозаситените масти во јатките го намалуваат нивото на лошиот холестерол и на тој начин го штитат организмот од срцеви заболувања и мозочен удар.
|
Претпоставувате и сами, шеќерот е оној кој ги мати нештата. Овошје кое содржи најмногу шеќер со сигурност е јужното како банана, манго, ананас. |
Лошото кај нив |
Јатките се консумираат еднаш дневно, ако се редовни на менито. Но, ако ги јадете четири пати во денот, сметајте дека сте внеле четири пати повеќе масти отколку што содржи еден хамбургер. Колку е премногу? 23 бадеми важат за една порција.
|
Во потрага сте по поттикнувач на среќа? Вашата потрага е завршена! Една овошна салата е доволна за да дојдете до чувство на задоволство. |
Нутритивност |
Активирањето на јатките води до зајакнување на нивниот нутритивен профил. Затоа, покиснете ги преку ноќ во вода во која ќе ставите 1 кафена лажица сол, а потоа ставете ги во дехидратор или печете ги во рерна.
|
„Овошјето како портокалот и кивито се богати со витамин Ц, кој ги подобрува изгледот на кожата, имунитетот и плус ќе ве снабди со енергија. Антиоксидантите во поголемиот број овошја исто така позитивно влијаат на кожата, концентрацијата и меморијата и го одржуваат балансот на хормоните“, вели Alice Mackintosh, нутритивен терапевт. |
Експертско мислење |
„Јатките изобилуваат со хранливи материи и витамини, како калциум и магнезиум, и се одлични за здравјето на мозокот и срцето. Дневната порција јатки важи за одличен штит од цел еден ранг состојби вклучувајќи и рак“, вели Laura Tilt, диететичар.
|
Јатките се во предност!
Одлични контролори на гладот, уште подобри поддржувачи на мускулниот раст и број еден штит на срцето.