Патот до потесни пори

Патот до потесни пори
Порите не може да исчезнат, но погрижете се да станат минијатурни

Не постои начин порите да исчезнат, со нив сте заглавени доживотно, но можете да ги намалите во обем. Во просек, возрасниот човек има околу 20.000 пори на лицето кои служат како излезен канал за потта и вишокот себум. Генетиката, типот на кожа, изложувањето на сонце, се само дел од факторите кои влијаат на нивната големина. Колку се подлабоки, толку повеќе се полнат со бактерии, ѓубре и останати нечистотии зголемувајќи го ризикот од воспаленија на кожата. Па, како да ги смалите? Прво, чистете го лицето со маслен производ. Маслото привлекува масло, па себумот, кремот за сончање, пудрата и останатите нечистотии на лицето, полесно се разложуваат со чистач базиран на масло отколку на вода. Второ, ексфолирајте го лицето 1-2 пати неделно, бидејќи мртвите клетки можат да се заглават во тие мали дупчиња и да предизвикаат акни. Обидете се со салицилна киселина, бидејќи пенетрира длабоко во порите. Отстранувајќи ги грубите мртви клетки, кожата инстантно станува мазна. Пилингот на долг рок спречува продукција на масло меѓу густо населените пори. Постојат и производи за брза камуфлажа кои се нанесуваат под мејкапот како база и кои големите пори ги прават невидливи. Употребатс на СПФ важи и за порите, бидејќи УВ зраците можат да ја оштетат структурната поддршка околу аглите на секоја пора и во краен случај да ја растегнат.