Потребни состојки за печени круши со ореви:
-
3 круши
- 30 г овесни снегулки
- 30 г сечкани ореви
-
Една рака суво грозје
-
2 лажици мед
-
1 кафена лажица цимет
Подготовка:
Преполовете ги крушите и нежно издлабете ги на средина колку да ги отстраните семките. Во еден сад соединете ги овесните снегулки, оревите, сувото грозје, циметот и медот. Наполнете ги крушите со филот и ставете ги да се печат 25 минути на 180 степени. Послужете ги со сладолед од ванила или уште подобро со грчки јогурт.
За повеќе рецепти кликнете тука.