Плескавици од црвен грав

Плескавици од црвен грав

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 4 чешни лук
  • 2 лажици семки (микс од сончоглед, семки од тиква, сусам и лен)
  • 5-6 лажици овес
  • 1 млада тиквичка
  • 2 млади кромитчиња
  • 1 конзерва црвен грав

Подготовка:

Сите состојки се ставаат во блендер за да добиете еднолична и потечна смеса. Доколку смесата е премногу течна, додајте уште малку овес. доколку е премногу густа, додајте малку вода. Обложете плех со хартија за печење и со помош на кутлача распоредее ги плексавиците. Се печат околу 20 минути на температура од 180 до 200 степени. Послужете ги топли со свежа салата од домати, краставици и сирење.