Подуеност

Подуеност

Ретко кога се исклучувате од сѐ; вашиот следен слободен викенд без никаква социјална агенда сѐ уште го нема на список;јадете нешто набрзина на биро или додека се превезувате од едно до друго место;приоритетни ви се роковите, родендените на пријателите, часовите по вежбање, семинарите за себенадградба; телефонот ви е преполн со апликации кои што ви овозможуваат брза проверка на мејловите или комуникација со тимот; пиете суплементи за да дојдете до плус енергија и пиете кафе во неразумни количества за да останете будни. Ако можете да се препознаете себеси во која било од овие навики, тогаш ќе си земеме за право да ве прогласиме за уште еден член на генерацијата што никогаш не спие!

Подуеноста е повеќе симптом, а не дијагноза!

 

Ви честитаме, вие сте едно посветено, вредно човечко битие што постојано работи, а јаде и спие колку да преживее. Но, дали ваквото однесување е причината за новата епидемија што владее меѓу луѓето? Необјаснива, тешка за контролирање, честопати крајно непријатна подуеност! Во суштина, речиси половина од популацијата се соочува со некаков облик на дигестивен проблем, но она што денес зема замав е подуениот стомак предизвикан од презафатен ден. Како одминува денот, стомакот станува сѐпоголем и поголем, дури и тогаш кога оброкот не подразбирал глутен или млечни производи.

Ваквиот проблем дополнително се комплицира во зимскиот период – студијата објавена во „Европскиотвесник за клиничка исхрана“, откри дека учесниците дневно јаделе 86 калории повеќе во есен отколку во пролет и притоа биралепомасна храна. А, што кога на ова ќе го додадеме зимскиот празничен период?

Модерниот начин на живот честопати нѐостава преморени. Под влијание на густиот распоред, го губиме балансот вклучувајќи го и дигестивниот. Дали решението е во здравата храна или во начинот на кој ја консумираме храната?

Без оглед на причинителот на подуеноста, неопходно е да се стартува со навиките во исхраната, бидејќи дигестивниот систем започнува со устата. Која е најстарата диетална солуција на зафатените? Прескокнувањето оброк! Немате време за јадење? Без грижа, ќе ги испиете калориите на настанот што треба да го покриете попладне. Забелешка: не правете го ова! Сигурно очекувате дека помалата консумација на храна и пијалаци ќе резултира со порамен стомак, но периодот на глад најверојатно ќе доведе до поголем надоместок следниот пат кога ќе јадете. Д-р Чуткан, автор на „Лекот за подуеност“ („The Bloat Cure“) објаснува: „Ако се долги временските рамки во кои нема никакво движење низ дигестивниот систем, тоа ќе го направи неактивен, мрзлив, а веројатноста да се подуете по следниот оброк ќе се зголеми“.

Кога јадете, дали го преполнувате стомакот меѓу два состанока или набрзина каснувате нешто работејќи на задачите што треба да се завршат? Брзиот животен стил поттикнува навики на брзо јадење во буквална смисла на зборот. Јадењето на биро, дури и кај оние кои консумираат совршено балансиран и здрав оброк, носи неколку непријатни нуспојави. Јадењето во изолација, без колегите кои несвесно поставуваат темпо, е секогаш пообилно. Пренатрупаниот дигестивен систем, со еден оброк и тоа со добра храна, е најчестата причина за подуеност. Кога јадеме во брзање, најчесто јадеме погрешна храна. Аерофагијата (голтање вишок воздух) е уште еден симптом на брзиот животен стил. Д-р Чутканвели дека голтањето воздух расте правопропорционално со мултитаскингот. Скролањето по телефонот додека јадете го одвлекува вниманието од ефикасното јадење. Мислите ли дека вежбањето помага? На многу начини да, но сѐшто ве охрабрува да дишете преку уста – настинка, алергии, интензивен тренинг – ве прави склони на аерофагија.

Иако зелените сокови и авокадото го живеат своето време, а здравиот начин на исхрана се протна во нашите животи како тренд, дали е тоа доволно за никогаш повеќе да не се чувствуваме подуени? Камо нештата да беа толку едноставни. „Фиброзните зеленчуци и овошните шеќери предизвикуваат гасови преку ферментацијата, индиректно дувајќи го стомакот“, вели експертот за холистичко здравје Мари Рејнолдс. Гравот, леќата, кромидот, сите може да предизвикаат подуеност. Шабир Даја Мфарм, коосновач на „Викторија Хелт“ („Victoria Health“), објаснува дека не е до тоа што јадете туку кога јадете. Веќе знаеме дека големите оброци доцна навечер не се препорачливи за дигестивниот систем, но како влијае константно променливиот распоред? „Во нашето тело функционира автономен нервен систем. Од него, еден систем е задолжен да ги контролира нашите ‘гладни и жедни’ одговори, додека неговиот двојник ги контролира ‘одмори и закрепни’ функциите. Овие системи, обично, се исклучуваат околу 19:00 часот, а тоа значи дека дигестивните ензими ја забавуваат својата функција и дигестијата генерално е отежната“, објаснува Рејнолдс.„Благодарение на брзото темпо на модерниот животен стил, нашиот автономен систем честопати знае да нѐизневери и токму затоа се случува феноменот на подуеност поттикнат од превисока окупација“.

Кафето кое нѐодржува во живот во текот на пеколните недели и не е најдобриот избор за организмот. Кофеинот привремено ги поткрева енергетските нивоа, но негативно влијае на водата што ја пиеме. Кофеинот е диуретик што доведува до дехидрација, тоа доведува до стагнација во утробата и подуеност.

И кога на сето ова ќе го земеме предвид фактот дека храната што ја внесуваме е стерилизирана, водата е хлорирана, а антибиотиците ги уништуваат и добрите и лошите бактерии во стомакот, не е чудно што лесно се случува дебаланс на микробиомот (заедницата на микроорганизми во стомакот). „Можеме да се заштитиме од штетните бактерии, но прашањето е колку внесуваме од здрвите ‘бубачки’ кои се клучни за здравјето на дигестивниот систем и за интензивирање на имунитетот“, вели Карла Оутс, основач на „The Beauty Chef“. „Модерната храна, вода и лекови што редовно ги апсорбираме, ги елиминираат патогените, но и здравите микроби. Честопати се неопходни, но неопходно е да влијаете на колониите преку храна што изобилува со пробиотици со цел да ги намножите добрите бактерии во стомакот“. Клучот е да јадете промислено, но понекојпат да си дозволувате да уживате во оброкот. Забавете и сочувајте ги новините на Инстаграм за подоцна, подобро јадете додека гледате ТВ, за да избегате од навиката на одговарање мејлови за ручек.

Ќе мора да поработите и на уморот. „Стрес и умор – чума за младите зафатени луѓе којашто најчесто резултира со сиромашно здравје“, вели д-р Сеп Фегерл од „Vivamayr Altausse“ клиниката. Иако животот на нога не е нешто ново, уште една додатна причина за енормниот раст на уморот се социјалните медиуми. „Жените имаат поголеми афинитети за социјална интеракција и работа на Нет;социјалните медиуми им овозможуваат да го прават тоа без ограничување“, вели д-р Фегерл. Не е изненадувачки што ваквата постојана конекција има последици: „Мозокот е константно активен, при што, драматично се редуцира времето за ментално заздравување“.

Каква врска има ова со стомакот? Ако го земеме предвид вообичаеното уверување дека стомакот е „вториот мозок“, тогаш одговорот е очигледен. Стресот и покачениот кортизол што го предизвикува, влијае на стомакот и композицијата на бактерии. „Дигестивниот систем е центарот на имунитетот, тој ги контролира речиси сите процеси во организмот“, објаснува Оутс. Дигестијата, циркулацијата, хормоните, сите делумно ги диктира гастроинтестиналниот тракт. „Тука се креираат невротрансмитерите, хормоните на метаболизмот, се неутрализираат патогените бактерии, се елиминираат токсините и се произведуваат хранливи материи. Што значи, од состојбата на микробиомот зависи нашето расположение, телесна тежина, здрава кожа, имунитет и општата здравствена состојба“, вели Оутс.

Серотонинот, познат како хормон на среќата, го подобрува расположението; кога е во дефицит води до анксиозност и депресија.Се проценува дека 90% од серотонинот се создава во стомакот. Недостигот од овој дигестивен серотонин може да предизвика дигестивни проблеми, констипација или подуеност. Како да го направите стомакот среќен? Земете предвид сѐшто беше кажано погоре.

Што можете да сторите за да го решите конкретно проблемот со подуеноста? Да јадете во мир и тишина! Да јадете полека и да уживате со сите сетила! Еве уште неколку тактики:

ЈАДЕТЕ ПРОМИСЛЕНО

Земете предвид што и каде јадете. Д-р Сеп препорачува да џвакате до 30 пати пред да го голтнете залакот, за телото да произведе ензими што ќе ја олеснат дигестијата. Фокусирајте се на храната пред вас, без разлика каде сте.

БИРАЈТЕ ПАМЕТНА ХРАНА

„Ако навистина сакате резултати, запознајте се со лактоферментирана храна богата со пробиотик“, вели Оутс. Лактоферментацијата е процес во којшто состојките се ферментирани со бактерија што произведува млечна киселина. Таа ја прави храната лесно сварлива и ја зголемува нејзината нутритивна вредност. Кефирот и комбухата се одлични примери.

ЈАДЕТЕ РАЗНОВИДНА ХРАНА

Грав, брокола, карфиол, зелка, лук, кромид – се познати по тоа што поттикнуваат гасови, но тоа не значи дека треба да ги исфрлите, бидејќи се корисни и содржат многу растителни влакна. Она што поттикнало подуеност денес, не значи дека ќе поттикне и утре. Јадете ги во умерено количество, секогаш комбинирајте ги различно и внесувајте многу семиња.

47 е просечниот број на часови во коишто храната се задржува во дебелото црево кај жените, според студијата на „Клиниката Мајо“. Кај мажите, се задржува само 33 часа.

Мени против подуеност

Во основа, храната треба да изобилува со разновиден свеж зеленчук, ферментирани производи, риба, а протеините, главно, да доаѓаат од јајца и пилешко. Дајте си слобода да правите различни варијации на овие рецепти.

Понеделник Вторник Среда Четврток Петок Сабота Недела
Појадок Печени модри патлиџанизачинети со лимонов сок, маслиново масло, толчен лук и сол Варено јајце, домат и авокадо Капрезе омлет со домати, моцарела и босилек Кајгана со пиперки и салата од домати Чаден лосос и омлет Печен сладок компир и варено јајце Омлет со печурки и домати
Ручек Киноа салата со семки од тиква и сончоглед, цвекло и свеж босилек или нане Печен сладок компир со туна и рукола Салата од цвекло со козјо сирење и ореви Интегрални шпагети со песто и рукола Зеленчукова фритата со зелена салата Супа од праз и лимон (она што остана од претходниот ден) Посна турлитава (она што остана од претходниот ден)
Супа Сладок компир со ѓумбир и индиски ореви Сладок компир со ѓумбир и индиски ореви Спанаќ, компир и кељ Спанаќ, компир и кељ

 

Праз со лимон
Вечера Зелена салата со домати и пилешко, зачинета со пармезан и грчки јогурт Млади тиквички со песто, топено сирење и пилешко на скара Лосос печен на скара со зеленчук варен на пареа Печени пилешки гради со пиперка и лешници и зелена салата Печен мешан зеленчук со ракчиња или пилешко Посна турлитава Печен лосос со тиква и друг зеленчук по желба