Природни лекови – Чувар-куќа лекува плускавци, доматот ја регенерира кожата

Природни лекови – Чувар-куќа лекува плускавци, доматот ја регенерира кожата

Стара е поговорката дека лекот може да биде „пет пари“, но треба да се знае што е лек. А за многу болки, или можеби непријатна здравствена состојба, лекот, или барем олеснувањето, честопати ни е на дофат на раката. Некои растенија кои ги користиме за исхрана или за декорација, „тајно“ имаат и некои лековити својства, па се користат и како природни лекови.

Листови од зелка

За време на лактација и доење, многу жени чувствуваат болно пулсирање на градите. Решението за таквата непријатност, која се јавува кај доилките, е сосема едноставна. Народната медицина препорачува лековита облога за која се користат поголеми листови од зелка кои претходно треба да се измијат. Тврдите делови се отстрануваат од листовите, а потоа малку се нагмечуваат со рацете. Оваа метода исто така се користи при маститис и болки во градите при ПМС.Облогите од зелка на дојките се еден од најстарите народни рецепти за воспаление на дојките (мastitis). Ова често се случува при процесот на доењето, кога се затвораат млечните канали кај мајката, што може да предизивика ипојава набактериска инфекција. Овој проблем на доилките може и поизразено да се манифестира со појава наоток и болка.

Sempervivum tectorum
Чувар-куќа

Сѐ што е потребно за подготовка на рецептот за отстранување на плускавец или на волчјо око, што обично се појавува на стапалата, е еден лист од растението чувар куќа и ханзапласт. Се зема еден лист чувар куќа и се отстранува тенката кожа на листот од едната страна. Потоа, листот се поставува на болното место, така што страната без кожичка да биде дирекно врз израстокот. Ханзапластот се лепи врз листот и се остава да делува цел ден, а навечер, страта облога се менува со нова, подготвена на истиот начин. Препорачливо е вака подготвениот лек да дејствува во текот на ноќта, бидејќи тогаш нозете се слободни без чевли и тогаш ефектот е најизразен. За неколку дена израстокот би требало да исчезне заедно со коренот.

Домат

Зелениот домат (може и зрел, но зелениот е поефикасен) може да послужи за извлекување на трн или гној од телото. Потребно е парче домат да се стави на заболеното место како облога, и да се остави да дејствува преку ноќ. За тоа време доматот ќе го извлече целиот гној.

Доматот има својство да ја регенерира кожата и да го потиснува воспалението. Доматите се преполни со антиоксиданси, кои го инхибираат воспалението на природен начин. Богати се со природни киселини и многу витамини, кои ја негуваат кожата и го потиснуваат размножувањето на бактериите.Овие својства го прават доматот ефикасен и во лекувањето на акни, како воспалителна болест на кожата која тешко се лекува и бара време до целосното гаснење на симптомите.

Кромид

За многумина неизбежен во исхраната, додека други го сметаат несоодветен за консумација поради моментот на социјална интеракција. Постојат ситуации кога кромидот може да послужи како лек. Ова се неколку случаи кога кромидот може да олесни одредени здраствени потешкотии.

– За главоболка, оток, болки во ушите, настинка, воспаление на очите, може да ставите облози од исечкан кромид на болните места.
– За висока температура, облогите од исечкан кромид се ставаат на нозете.
–За крвавење од носот, исечканиот кромид во облог се поставува на вратните жили.
–Во случај на загриз од диво животно, како прва интеревенција се препорачува на раните да се стави облога од исечкан кромид.
–За плускавец на кожата или за поткожен плускавец, изрендајте еден кромид и измешајте го со малку маслиново масло, а потоа ставете го на болното место и држете 1 или 2 часа.

Семе од коприва и мед

Семето од коприва ги содржи витамините Ц, Б, Д, Е и К, но и железо, калиум, калциум, магнезиум, цинк, манган, бакар. Комбинацијата од семе од коприва и мед претставува врвен народен лек за многу болести. Семето од копривата има антибактериско и антивирусно дејство, како и медот – кој е еден од природните антибиотици. Лековитоста и благодетите на медот веќе одамна се познати. Покрај својата лековитост, медот е извонреден природен конзерванс, па токму поради таа своја способност се користи за приготвување на различни препарати во комбинација со некоја друга супстанција, за да се продолжи и да се сочува дејството во текот на подолг временски период. Семето од коприва и медот најчесто се користат против анемија, но и за јакнење на имунитетот. Семето од коприва се користи во мелен облик. Во една тегла постепено додавајте помали количини од семето и медот, измешајте ги двете состојки, а потоа складирајте ги во стаклена тегла која ќе ја чувате во фрижидер. Во оваа смеса по желба може да додадете и мелено ленено семе, мелени бадеми или ореви. Вака подготвената мешавина, се препорачува да сеупотребувасекое утро, по една супена лажица на празен стомак.